29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаГабриел Бајрам зарши во притвор, претепал шанкер и го демолирал ресторанот

Габриел Бајрам зарши во притвор, претепал шанкер и го демолирал ресторанот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Судија на претходна постапка му одредил притвор на Габриел Бајрам, советник во Град Скопје и син на починатиот пратеник Амди Бајрам, дознава „Фокус“.

<

На Бајрам му е поднесена кривична пријава по брза постапа и му е одреден притвор откако пред неколку дена повредил шанкер и кршел инвентар во ресторанот „Аквадукт“ на булевар „Словенија“ во Скопје.

Имено, шанкерот во полициската станица Чаир пријавил дека на 28 јули во 23.20 часот бил нападнат од Г.Б. и В.Б., кои потоа оштетиле дел од инвентарот, соопшти МВР.

Пред неколку дена беше објавено дека Бајрам не се јавил на распит во полиција за копањето биткоени во ГТЦ, но се одзвал на поканата да слави со Владата во Клубот на пратеници по првата меѓувладина конференција во Брисел.

МВР објави дека по Габриел Бајрам имало и централен распис за да се спроведе во полициска станица, но засега нема одговор дали бил пронајден пред или по прославата.

-По неколку неодговарања на покани и непојавување на службен разговор во полициска станица, а по распишан централен распис, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје и со него бил извршен разговор во полициска станица. Исто така, во претходниот период, остварени се контакти и извршени се службени раговори и со надлежните во ЕВН и Градскиот трговски центар Скопје, а се вршат службени разговори и со други лица, рекоа од МВР.

Бајрам имаше магацин под кирија во ГТЦ, каде му го раскинаа договорот, но уште ги нема вратено клучевите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...