14.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаПо 18 години АСНОМ ќе се слави во манастирот Прохор Пчински

По 18 години АСНОМ ќе се слави во манастирот Прохор Пчински

По осумнаесет години, претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, на 2 август 2022 година, вторник, ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

По тој повод, претседателот Пендаровски оствари телефонски разговори со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј.

Двајцата претседатели во разговорот се согласија дека релациите меѓу двете држави бележат одличен развој во повеќе области. Посетата на манастирот „Св. Прохор Пчински“, која се случува по речиси две децении е позитивен импулс за отворање на нови поглавја во меѓусебните релации.

Во разговорот со г.г. Порфириј, претседателот Пендаровски се заблагодари на патријархот за одлуката да биде овозможена посетата на манастирот која следува со прифаќањето на автокефалноста на МПЦ – ОА од страна на СПЦ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајден опожарен автомобил помеѓу селата, Волино и Мешеишта

Рано утрово пронајден опожарен автомобил помеѓу селата Волино и Мешеишта. Сопред првичните информации од мештаните не знаме за каков модел на автомобил станува збор,...

Денеска по струшките улици литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“

Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во...

Страотна сообраќајка во „Влае“, едно од возилата е преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово кај мостот „Влајко“ во скопската населба Влае. Во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното е пресечено на...

Петкоска: Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани-Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите!

Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани! Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите! Убедена сум...