20.9 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСашо Донев: Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја...

Сашо Донев: Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања- Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште има луѓе кои си ја сакаат таковината.

Драги сограѓани,
Мои Охриѓани,
Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања. Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште има луѓе кои си ја сакаат таковината. Во изминатиов период остварив многубројни средби. Се сретнав со голем број луѓе. Разговаравме на различни теми кои го засегаат нашето општество. Разговаравме за идеи, проекти и за тоа како да го подобриме секојдневното живеење. Но, она што најмногу преовладуваше во нашите разговори беше како да ја вратиме татковината на народот.

Драги сограѓани,
Одговорот на тоа како да ја вратиме татковината на народот е едноставен, а тоа е масовно излегување на изборите на 8. Мај и давање поддршка за ВМРО – ДПМНЕ. Ајде сите заедно да обереме луѓе кои се чесни, достоинствени. Луѓе на кои може да им се верува, луѓе кои ги сакаат и ги поддржуваат обичаите и традициите, луѓе честити што искрено си ја сакаат државата. Во изминативе две години покажавме дека знаеме лавовски да се бориме за добробит на сите. Затоа реализираме проекти кои се од значење за сите. Градиме нови училишта, ги реновираме постоечки. Инвестираме во најмладите, даваме поддршка за она што е значајно за Охрид, за настани кои имаат долгогодишни традиции, како Охридскиот пливачки маратон и спортот воопшто. Создаваме нови манифестации кои ја збогатуваат туристичката понуда на градот. Како никогаш до сега се инвестира во подобрувањето на инфраструктурата во градот со реконструкција и изградба на модерни сообраќајници и уште многу други проекти.

Ајде масовно на 8ми мај, сите заедно да ставиме крај на овој црн облак кој надвиснал на нашата татковина Република Македонија. Да дадеме придонес во изгревањето на Сонцето на слободата. Судбината е во наши раце. Македонија заслужува да биде повторно на народот. Македонија заслужува да биде повторно ГОРДА. Да заокружиме број 2!

Господ да Ве Благослови!
Господ да ја Благослови Република Македонија!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ален Деребан: Почитувани стружани, во среда има прегласување, не далат само 300 гласа за уште еден пратеник !

Почитувани стружани, Врз основа на одлуките донесени од Државната изборна комисија (ДИК), потврдени од Управниот Суд, на ден 22.05.2024 година (среда) гласањето ќе се повтори...

Трагично згасна животот на 18 годишен матурант во Македонија

Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово со емотивна објава се прости од својот матурант Елдон Шабани чиј живот згасна на трагичен начин. – Со...

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија!

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија! Марија со нејзините родители Игор и Бети Кирески со потекло од Гостивар, живеат...

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...