17.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаАнџела Прајс- Агелер е новата амбасадорка на САД во Македонија

Анџела Прајс- Агелер е новата амбасадорка на САД во Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година. Агелер минатата недела имаше сослушување за нејзината номинација пред комисијата за надворешни работи на амекриканскиот Сенат. Вети охрабрување за судските реформи и одговорност за како што рече корумпираните актери во земјава.

<

-Ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да ѝ помогнам на С. Македонија да развие национална стратегија која ефективно ќе бара одговорност од корумпираните актери,изјави – Анџела Прајс Агелер – Нов амбсадор на САД во РМ.

Таа ја потврди и поддршката за македонските евроинтеграции посочувајќи дека земјава надминала сериозни предизвици и направила тешки избори со цел да го продолжи историските чекори кон Брисел.

Ова не е прв ангажман на Агелер во Македонија, бидејќи претходно во нејзината дипломатска кариера таа била ангажирана и како претставник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје.

Во официјалното соопштение објавено на веб страната на Белата куќа се посочува дека Прајс Агелер е дипломат од кариера со функција министер-советник вработена во Службата за надворешни работи на Стејт департментот, која досега беше заменик-шеф на Мисијата во Амбасадата на САД во Пакистан.

Претходно, таа била задолжена за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, в.д. заменик помошник државен секретар во Бирото за Јужна и Централна Азија и во Канцеларијата на специјалниот претставник за Авганистан и Пакистан во Вашингтон, како и заменик помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија. Во Скопје се очекува да пристигне во септември.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...

Мицкоски, Деребан и пратеникот Јаулоски во Лабуништа, поддршка и разговори за идни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулоски остварија посета на пријателска Лабуништа. Во срцева атмосфера разговараа со мештаните за...