24.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаПријателот се познава во неволја- Советникoт на Зеленски, се заблагодари на помошта...

Пријателот се познава во неволја- Советникoт на Зеленски, се заблагодари на помошта од Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Главниот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, на Твитер на македонски јазик се заблагодари за помошта од Македонија за Украина.

<

„Пријателот се познава во неволја. Не е важно со каква големина е твојата земја, важно е какво е срцето. Многу народи денес ќе покажат повеќе храброст од половина од G20. Како Северна Македонија, која ѝ пружи помош на Украина. Ние никогаш нема да го заборавиме ова“, напиша Подољак.

Северна Македонија на Украина ѝ донираше тенкови Т -72, а од Министерството за одбрана не потврдија дали на Украина ѝ се испратени четири авиони „СУ-25“.

„Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија“, велат од Министерството за одбрана.

Дел од медиумите објавија дека четирите воени авиони „СУ-25“ што Северна Македонија ги набави од Украина за време на конфликтот во 2001 година, деновиве му се донирани на Киев.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека донацијата е голема грешка на властите во Скопје „со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас“.

Со контрареакција на изјавата на Захарова, со заедничко соопштение излегоа министерствата за надворешни работи и за одбрана на РСМ.

-Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност. Северна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Северна Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција, се посочува во соопштението.

 

Република Северна Македонија, се додава понатаму, како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...