17.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПатници од Македонија поради расипан автобус ноќта ја поминале на автопат во...

Патници од Македонија поради расипан автобус ноќта ја поминале на автопат во Србија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

50тина патници повеќе од 10 часа останаа на среде автопат кај Белград поради дефект на автобусот со кој тргнале од Љубљана кон Скопје. Автобусот е на агенцијата Хисар Травел и сообраќа на редовна линија. Дефектот се случил ноќва по полноќ по што патниците биле изнесени надвор од автобусот а возачите се обидувале сами да го поправат автобусот. Обидите траеле неколку часа по што побарале помош од агенцијата но не успевале да стапат во контакт со сопственикот. Минувале часови на неизвесност, умор и глад, лежејќи на трева до автопатот. Од агенцијата не биле достапни ниту за патниците.

<

До 10 часот утрово чекаа да биде испратен друг автобус за да го продолжат патот кон Скопје. Револтирани се јавија и реагираа во редакцијата на Сител за несериозниот однос на агенцијата. Нивното патување трае повеќе од 22 часа и се уште не се пристигнати во Скопје. Од агенцијата за Сител негираат дека има ваков случај, единствено велат се чека подолго на граничните премини но тоа не зависело од нив. Сопственикот на Хисар Травел тврди дека ниту еден автобус на агенцијата не останал дефект. За разлика од него вработена во агенцијата признава дека имало проблем но вели дека патниците биле веднаш згрижени и немало никаков проблем.

Експертите велат грижата и одговорноста за текот на патувањето пред се е кај агенцијата која треба да биде достапна во секое време за патниците. Дефектот не може да се предвиди но може да се превенира, но проблемот е во начинот на кој се издаваат дозволите од технички преглед пред се од нестручни лица.

Одговорноста вели е во МВР кои се надлежни за издавање и регулирање на лиценците за овие превозници. Токму пропустите на институциите доведоа до голема автобуска трагедија во Бугарија кога се запали автобус на БЕСА ТРАНС во кој загинаа 45 патници од кои 12 деца. Со месеци трае предистрагата на ЈО кое треба да утврди како автобусот успеал 120 пати да ја мине државната граница без лиценца и како автобусот минувал технички преглед во станицата каде биле утврдени низа нерегуларности. Министерот за внатрешни работи потпиша решение за забрана за работа на оваа станица за технички преглед, три дена по катастрофалната несреќа.
Тв сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...