33.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЛани речиси половина милион Македонци ја посетиле Грција

Лани речиси половина милион Македонци ја посетиле Грција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со нешто помалку од половина милион посетители, Северна Македонија е на 11-то место меѓу топ 15 земји со најголем број посетители во Грција за 2021 година, согласно анализата на Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

<

Под наслов „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци од Банката на Грција за туризмот минатата година, а поконкретно се фокусира на бројот на туристи во секој од 13-те грчки региони.

Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Бугарија, Полска, Романија, Холандија, САД, Кипар, Северна Македонија, Швајцарија, Австрија, Србија и Белгија.

Конкретно за Северна Македонија, минатата година, бројот на посетители е речиси двојно помал (за 49,4 отсто) во споредба со 2019 година, односно 479.000 посетители лани, наспроти 948.000 пред три години.

Во 2019 имало 962.000 посети од нашата земја, наспроти 480.000 посети лани, а мнозинството посети се во северниот дел на Грција.

Согласно податоците и анализите, нашата земја е непроменета на 11-та позиција. Од земјите од регионот, пред нас е Бугарија, на петто место, а зад нас Србија на 14 место.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...