1.9 C
Ohrid
недела, април 6, 2025
ПочетнаМакедонијаСПАСОВСКИ: Од МВР онлајн ви нудиме 28 услуги

СПАСОВСКИ: Од МВР онлајн ви нудиме 28 услуги

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На web-страницата на МВР https://termin.mvr.gov.mk/, како и на Националниот портал за електронски услуги https://uslugi.gov.mk/ каде што се воведени 28 електронски административни услуги на МВР за граѓаните, достапни за онлајн аплицирање, се нуди можност граѓаните да можат дигитално да си закажат термин за фотографирање за лични документи, како и електронско плаќање на услугата, а достапни се и образците за барање, објави денеска на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

<

Со ова, како што наведува, се олеснува и забрзува самата постапка како од аспект на граѓанинот така и од аспект на самата институција.

На Порталот се достапни следните услуги за закажување термин online:Лична карта: издавање на лична карта со ограничена важност, предвремена замена заради оштетеност на личната карта, издавање на лична карта ако е изгубена или украдена, замена на лична карта по основ на промена на лично име, замена на лична карта заради промена на живеалиште и адреса на стан, замена на лична карта поради истечен рок на важење (редовна замена) и издавање на прва лична карта за полнолетни лица.

Од патните исправи граѓаните ќе можат да закажат за патни исправи: издавање на пасош (редовна замена), издавање на пасош поради исчезнување/губење на пасош, издавање на пасош (прв пат), замена на пасош поради промена на лични податоци, издавање на пасош со ограничен рок на важење, предвремена замена поради оштетеност на пасошот и замена на пасош поради други причини (исполнетост или друго).

Граѓаните ќе можат да закажат и за возачки дозволи: издавање на возачка дозвола (прв пат), издавање на возачка дозвола поради запишување на нова категорија, замена на возачка дозвола (поради измината важност), замена на странска возачка дозвола за македонска возачка дозвола, издавање на изгубена возачка дозвола, замена на возачка дозвола поради промена на лични податоци на возачот, замена на возачка дозвола (поради промена на живеалиште на возачот) и замена на возачка дозвола поради запишување на ограничување од здравствени причини.

Достапни се и следниве услуги: оружје: одобрение за превоз на оружје и муниција при увоз, одобрение за превоз на оружје и муниција при извоз, одобрение за пренесување (трансфер) на оружје и муниција при увоз, одобрение за пренесување (трансфер) на оружје и муниција при извоз, одобрение за пренесување (трансфер) на оружје и муниција при транзит и одобрение за превоз на оружје и муниција при транзит.Порталот е воспоставен и управуван од Министерството за информатичко општество и администрација, кое е одговорно за достапноста и неговото техничко функционирање.

-МВР изготвува сервиси со сопствен развој кои преку системот на е-услуги ќе овозможат добивање на услуги на граѓаните. Планирани сервиси кои ќе овозможат дигитални услуги се од областа на издавање на потврда за живеалиште, потврда за поседување на моторни возила и потврда за статус на државјанство, напиша министерот Спасовски на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец нападнат во центарот на градот со секира од негов сограѓанин.

На 05.04.2025 година во 18.30 часот во СВР Охрид (48) годишно лице од Охрид пријавил дека истиот ден околу 17,30 часот додека бил...

22 годишно лице од Кичево, полово вознемирувал малолетнички во Охрид

На 05.04.2025 година во 23.11 часот во СВР Охрид е пријавено дека едно лице на улицата „Дејан Војвода“ во...

Пронајден цел арсенал оружје во домот: Уапсено лице од прилепско, чиј син пукаше и се снимаше

На 05.04.2025 врз основа на споделен видеозапис на социјалната мрежа Facebook, а поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело по член...

Во Скопје одземени 10 возила поради предизвикување голема бучава и т.н. диви трки во Скопје

Одземени 10 возила поради предизвикување голема бучава и т.н. диви трки во Скопје На 06.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Трета...