26.9 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаМакедонијаАлити: Една третина од вработените во јавниот сектор треба да се Албанци

Алити: Една третина од вработените во јавниот сектор треба да се Албанци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Секоја јавна институција кога ќе прави годишен план за вработување, ќе треба да планира една третина, односно 31,43 одсто да бидат Албанци, 4,25 Турци, 2 и пол одсто Роми итн, додека мнозинското македонско население ќе биде застапено со 57,92 одсто. Вака изгледа новиот Балансер што го подготви Министерството за информатичко општество и што почна да се применува минатата недела.

<

Министерството се повикува на резултатите од последниот Попис спроведен минатата година, односно на бројките за вкупно население, кои се различни од оние за резидентно, според кои, во земјава живеат 58,44 одсто Македонци, 24,30 одсто Албанци, 3,86 одсто Турци итн.

Во телефонски разговор, министерот Адмирим Алити, вели дека нема никаква промена во Методологијата за вработувања во јавниот сектор што се применува од 2016-та година.

-ЕДИНСТВЕНАТА ПРОМЕНА ВО МЕТОДОЛОГИЈАТА Е ВНЕСУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ПОПИСОТ 2021 НАМЕСТО ПОПИСОТ 2002. И ТОГАШ И СЕГА СЕ КОРИСТАТ ПОДАТОЦИТЕ ЗА ВКУПНОТО НАСЕЛЕНИЕ. ВО ТАА БРОЈКА ВЛЕГУВА РЕЗИДЕНТНОТО НАСЕЛЕНИЕ, НО И НЕРЕЗИДЕНТНОТО, ПА ВКУПНИТЕ БРОЈКИ СЕ: 54,21 ОДСТО МАКЕДОНЦИ, 29,52 ОДСТО АЛБАНЦИ ИТН. НА ТИЕ БРОЈКИ ПРОПОРЦИОНАЛНО СЕ РАСПРЕДЕЛЕНИ И ДОДАДЕНИ 6,4 ОДСТО ОД ОНИЕ ШТО БЕА АДМИНИСТРАТИВНО ПОПИШАНИ. ТАКА Е СОСТАВЕН НОВИОТ БАЛАНСЕР, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА АДМИРИМ АЛИТИ.
Од Заводот за статистика за сега нема коментар, но целата измината година тврдеа дека главна категорија на секој попис е резидентното население, што би значело дека тие податоци треба да се основа за Балансерот. Оваа алатка е воведена во 2016-та. Служи за соодветна и правична застапеност на сите заедници во секоја институција од државниот и јавниот сектор.

Соња Николовска Tv Telma

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Брат си го убил брата си во Кавадарци, па го закопал во дворот !!!

Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo...

Прв ваков случај во Македонија: Регистрација на осуденик во затворот во Струмица.

Во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес се случи редок, но длабоко значаен хуман чин – првпат во историјата на установата беше законски регистрирано осудено...

Дарко Влогс: „Бев жртва на семејно насилство – сопругата ме тепаше во Америка.

Дарко Јефремов, во јавноста попознат како Дарко Влогс – некогаш а богами и сега еден од најследените Македонци на Инстаграм и познат влогер од...

Богојески: Вранишковски да се одлучи – дали е српски или македонски владика!

По повод присуството на т.н. владика Зоран Вранишковски на прославата на Илинден на Мечкин Камен, користејќи возило со српски регистарски таблички, претседателот на Македонски...