27.9 C
Ohrid
четврток, август 7, 2025
ПочетнаМакедонијаВицепремиерот ветува: Леб ќе има по „пристојни цени...

Вицепремиерот ветува: Леб ќе има по „пристојни цени…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска најави дека доколку е потребно, можно е да се активираат стоковните резерви.

<

Според Битиќи, леб ќе има и тоа, како што рече, по реално пристојни цени.

Оценка на вицепремиерот е дека цените растат поради „нашето неодговорното однесување“, а одредени маркети, смета, се најголеми профитери.Се испостави во одредени маркети дека токму таму се најголемите маржи. Цените растат и зашто поскапуваат суровините. Тука не можеме да интервенираме зашто сме увозно зависни, рече тој.

Битиќи рече и дека од септември се планираат мерки за помош на граѓаните, но не прецизираше какви, само потврди дека најверојатно нема да има ваучери како поранешните „купувај домашно“.

Не би кажал дека може да очекуваме ваучери, но ќе има мерки за ублажување на кризата. Не би можел да кажам и дека ќе бидат слични мерките за граѓаните зашто во овој момент се гледа што најбрзо ќе даде ефект. За жал, не сме во можност и ситуацијата не е таква како во првиот период на КОВИД кога можевме да овозможиме. Тогаш интервенциите беа да одговориме соодветно за да ја задржиме економијата да не паѓа уште повеќе, објасни Битиќи.

Навраќајки се на неодговорното однесување, тој како пример го посочи земјоделскиот сектор. Се даваат, потенцира, огромни субвенции, а производството се намалува.

Поради тоа и отворивме јавна дискусија за реформи во моделот на субвенционирање. Вистинските земјоделци не треба да стравуваат. Тие ќе добијат достоинствени субвенции, но оние што се обидуваат на нивен грб да профитираат, треба да бидат загрижени, рече Битиќи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Струшката полиција во угостителски објект во с.Велешта, пронајде 6 девојки од Албанија.

На 07.08.2025 во угостителски објект во струшкото село Велешта, полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга, полициското одделение во селото Велешта и од Регионален...

Раде Штекли имал халуцинации, му се причинило дека го следи Албанската мафија??!

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром, четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир...

Казнети 46 возачи на електрични тротинети

Во текот на вчерашниот ден (06.08.2025), во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи...

Брат си го убил брата си во Кавадарци, па го закопал во дворот !!!

Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo...