7.5 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаМакедонијаАлександар Маленко: Државата со години нема исплатено еден денар за Охридскиот пливачки...

Александар Маленко: Државата со години нема исплатено еден денар за Охридскиот пливачки маратон

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По повод случувањата околу Охридскиот пливачки маратон и најавите на актуелното раководство на Пливачката федерација дека оваа спортска манифестација годинава нема да се одржи поради блокирана сметка на федерацијата, со реакција се јави поранешниот претседател на Пливачката федерација, прославениот македонски пливач Александар Маленко. Тој изнесе фрапантни податоци за односот на институциите кон Охридскиот пливачки маратон и зошто оваа некогаш светски позната спортска манифестација е доведена во незавидна ситуација.

<

Ставот на Маленко го пренесуваме во целост:

Почитувани,
медиуми, професионални спортски работници и љубители на олимписки спорт пливање и далечинско пливање во Македонија и светот.

Денес одекна во јавност, нормално за кај нас непроверени информации како е ред во светот на олимписки спорт, дека оваа година НЕМА да се одржи традиционалниот меѓународен Охридски Пливачки Маратон -Св.Наум -Охрид 25км!?

Па следеа разноразни изјави од некомпетентни личности и разноразни политичари и политички чиновници од политички партии – НЕБИТНИ во светот на Олимписки Спорт…

Е сега Вака, ќе одиме со ред (кратко и јасно) а документирано до запирка исклучиво на СУД (согласно закон и ред) во Македонија!

Македонија со одлука на влада 1993г како национален интерес го финансира Меѓународен Охридски Пливачки Маратон како дел од ФИНА светска серија за секоја календарска натпреварувачка сезона и за генерален покровител е институција претседател на држава.

ЧИТАЈ ДОБРО – До 2018г државата преку институции Агенција за Млади и Спорт (годишна програма на пливачка федерација за меѓународни активности и манифестации од национален интерес) добивала 1.200.000ден за организација,а награден фонд беше обезбедуван од Телеком дивиденда за Генерален Покровител – Претседател на Држава 20.000$ !!!

Од 2018г до 2021г беа организирани: Три Меѓународни Традиционално Охридски Пливачки Маратони во ФИНА светска серија -25км (2018,2019,2021г) како и Олимписка Дисциплина ФИНА-светска серија и ЛЕН европски куп (2018,2019,2021г) и ФИНА супер финале 2021г-10км за волја на вистината , еден денар – ЕДЕН ДЕНАР, ДОЛАР, ЕВРО НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ ниту од ДРЖАВА ниту од Генерален Покровител – Претседател на Држава за 2018,2019,2021г на Пливачка Федерација (носител на лиценца за организација) а добиени се Највисоки Награди во историја на Олимписки Спорт и Македонија за техничка организација од ФИНА -9 плакети и Лен -3 плакети на Технички Организатор Пливачка Федерација и нејзино раководство период 2018-2021г !!!

За волја на вистината, постојат видео и аудио материјал, постојат фотографии од дотичните Претседатели на Држава и нивни помошници,директори на агенција за млади и спорт период 2018-2021г кои присуствувале и доделување награди (без НИКАКОВ ФИНАНСИСКИ УДЕЛ ОБЛИГАТОРЕН ПО ЗАКОН).

За крај, најмалку е битно кој е раководство во федерација, туку битно е господа политичари и ваши полтрони во спортот да разберете дека со олимписки спорт и федерација не се игра,а најмалку се замајува јавност преку медиуми и ваши медиумски грачала за ефтини политички поени пред граѓани со лажни резултати и селски приредби кои си ги правите редовно со перење на државни и локални буџети за Ваш личен интерес, а во реалност-ДНО ДНА!!!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...