18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаДо учебната 2024/2025 ќе треба да се сменат учебниците по историја

До учебната 2024/2025 ќе треба да се сменат учебниците по историја

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ПочетнаВестиДо учебната 2024/2025 ќе треба да се сменат учебниците по историја
ВестиМакедонијаНајважни
До учебната 2024/2025 ќе треба да се сменат учебниците по историја
17.08.2022 15:48

<

Промената на учебниците според препораките на Комисијата за историски прашања треба да се направата во рок од две години, поточно најдоцна до учебната 2024-2025 година, а заедничкото чествување на петте историски личности, за кои Комисијата постигнала согласност, може да започне веднаш, од оваа година. Протоколот потпишан пред еден месец меѓу двете влади, има прецизни рокови до кога и на кој начин препораките, треба тие да се имплементираат, па така на идната меѓувладина комисија за спроведување на Договорот за добрососедство треба да бидат претставени урнеците на лекциите според препораките кои потоа ќе влезат во учебните програми.

„СЕКАКО ТОА ОДИ ВО ФАЗИ И НИЗ ФИЛТРИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ. ПРИТОА ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ, ТОЈ ТЕКСТ КОЈШТО Е ДОГОВОРЕН, ИМААТ ПОДЕДНАКВА ОБВРСКА И БУГАРИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА ГО ИМПЛЕМЕНТИРААТ ВО СВОЈОТ СИТЕМ. И ТОА ФУНКЦИОНИРА НА ПРИНЦИП НА РЕЦИПРОЦИТЕТ. ОДНОСНО, ВАЖЕЧКО Е САМО ДОКОЛКУ ЗАЕДНО ГО ИМПЛЕМТНИРАМЕ ВО ДВАТА СИСТЕМА“, ИЗЈАВИ БОЈАН МАРИЌИЌ, ВИЦЕПРЕМИЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА.
Комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија даде по пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и и за шесто одделение во Македонија кои ја обработуваат темата антика. И во едниот и во другиот образовен систем се препорачува напуштање на ентоцентризмот во изучување на античките заедници кои живееле на на овие простори и нивното културно-историско наследство. Бугарските ученици притоа ќе треба да учат повеќе за териториите на запад од древна Тракија и историските процеси кои се одвивале таму, како и повнимателно датирање на појавата на тракиската култура во антиката. Македонските ученици пак ќе треба да добијат повеќе информации за античка Тракија и Тракијците. И едните и другите ќе треба да учат од историски карти кои ќе треба соодветствуваат на историскиот контекст, поставените методски цели и конкретен временски период на кој се однесуваат.

На бугарската страна и се препорачува во учебниците изразот „бугарски земји“ во контекст на античката историја да се заменат со термините „денешни бугарски земји“, или „територијата на современа Бугарија“, додека во македонските однските учебници ќе мора да се избегне сугестија за постоење на континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава, како континуитет на мисијата на Апостол Павле и средновековните црковни структури кои постоеле на територијата на денешна држава Македонија.

Тамара Грнчароска Телма Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...