27.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаАрачиново 30 часа без струја – ЕВН: Екипите се соочуваат со вербални...

Арачиново 30 часа без струја – ЕВН: Екипите се соочуваат со вербални и физички напади од мештаните

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Цели два дена, Арачиново заедно со селата Орланци и Мојанци се без струја. Градоначалникот Ридван Ибраими вели дека според неговите информации станува збор за технички дефект кој не се санира со потребната брзина.

<

Дека 80% од Арачиново нема струја, потврдуваат и од ЕВН Хоум. Велат дека вчера наутро во општината дошло до голем дефект како резултат на преоптоварување на трафостаниците поради незаконско користење струја од страна на жителите.

Во Арачиново нашите екипи многу често се соочуваат со вербални и физички напади од страна на мештаните, со што во целост им се оневозможува работењето. За да се работи мора да се создадат услови за нормално работење, како за дефекти така и за реконструкција и модернизирање на мрежата. Се додека не постојат нормални услови за работење и има спречување во работата, нема да постои можност за санација“, велат од ЕВН Хоум.

Преку Фејсбук реагираше и градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими. Тој напиша дека иако не е под негова надлежност, постојано ги повикува неговите сожители да ги плаќаат сметките за струја. Ибраими изрази подготвеност да ѝ помогне на ЕВН и заедно да излезат на терен.

„И покрај тоа што ова прашање не спаѓа под надлежност на општина Арачиново, подготвени сме заедно со месните заедници од населените места на општина Арачиново, со претставниците на ЕВН и полицијата, да излеземе во терен и еднаш засекогаш да го решиме настанатиот проблем – проблемот со електрична струја“, порача Ридван Ибраими.

Жителите на Арачиново постојано се жалат на недостиг на струја и нерешавање на проблемот од страна на универзалниот снабдувач со енергија ЕВН-Хоум.

Сторија ТВ 21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Една година Ескобар Струга – забава со Балканикос, коктели и италијански вкусови.

Една година Ескобар Струга – забава со балканикос, коктели и италијански вкусови! ЕСКОБАР СТРУГА слави 1 година постоење – и вие сте поканети на роденденска...

Телеком Италија ги купи Сказните на Биби

Телеком Италија и македонскиот детски бренд „Светот на Биби“ потпишаа договор со кој италијанскиот телеком ги откупи правата за емитување на популарната анимирана серија...

Министерот Aлиу ја посети Психијатриската болница– Затекна нечовечки услови за живот

Министерот за здравство – Азир Алиу денеска беше во посета на Психијатриската болница „Скопје“ заедно со в.д. директорот Хиса Авдулаи. Констатирани се сериозни предизвици во...

3-годишната Софија ја победи леукемијата и прослави победа на Детската клиника во Скопје

На само 3-годишна возраст, таа ја извојува најголемата битка. По месеци исполнети со храброст, солзи, нежност и неизмерна сила, пред еден месец Софи извојува...