21.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаОбединети за Македонија: Етнички егзодус во Кичево -Македонските книги исфрлени од библиотека...

Обединети за Македонија: Етнички егзодус во Кичево -Македонските книги исфрлени од библиотека а директорот комуницира само на албански

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ја повикуваме министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, да реагира правично и целата коалиција да донесува одлуки, позитивни за граѓаните. Цврсто застануваме против секој вид етнички национализам и сепаратизам од која било етничка заедница. Стоиме на ставот дека државниот патриотизам е клучен фактор за заеднички сили на сите за напредок на државата, се вели во реакцијата на партијата Обединети за Македонија за случувањата во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево.

<

„Сведоци сме на политичко пазарење и некадарни вработувања, како и цензура на имиња на државни институции со кои се создава револт кај сите македонски граѓани, без разлика на која националност или вера припаѓаат.

Во Општина Кичево, каде во националната установа Центар на култура „Кочо Рацин“ се поставува директор, по наредба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, кој има две години искуство во самата институција. Тоа се направи на нетранспарентен селективен начин со целосно игнорирање на вработените кои имаат десетици години искуство во таа институција.

Етничкиот национализам преовладува и во незаконската цензура на името на институцијата. Во самата институција се форсира албанскиот јазик, а македонскиот во најголем број не се ни користи во односите со јавноста. Неофицијално се користат термините „Култура Кичево“, „Дом на култура“, а се цензурира и ликот на Коста Солев Рацин. Логото на институцијата не се користи поради ликот на Кочо Рацин во него.

Најголемата катастрофа е направена во библиотеката која работи под оваа институција, која е користена 40 години од жителите. Исфрлени се книгите и ставени во пакети, за на тоа место да почне постапката за отворање галерија на ликовниот уметник Осман Калеси. Немаме ништо против создавање на нова галерија, но не под услов да биде уништена библиотеката која има долгогодишна историја.

Поделбите се создадени директно од централната власт, но најголема одговорност има Министерството за култура, каде министерката  Бисера Костадиновска-Стојчевска дозволи заменик-министерот да држи состаноци и говор само пред македонските Албанци.

Ваков етнички егзодус и поделби во Општина Кичево и разнебитување на единството на сите етнички заедници се нема случено во Кичево со децении“, соопшти Обединети за Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...

Македонските организации од Сиднеј донираа над 84.000 австралиски долари за жртвите од пожарите во Кочани.

Почитувани, Со гордост ве информираме дека денес Прилепското Друштво Методија Андонов- Ченто од Сиднеј официјално потпиша договор за соработка со организацијата Супорт Кочани и изврши...

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...