15.1 C
Ohrid
вторник, септември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаВо 21-ви век, жителите на Сарај се едуцираа да слават со срце,...

Во 21-ви век, жителите на Сарај се едуцираа да слават со срце, а не со оружје

Во склоп на заедничката превентивна кампања на МВР и УНДП, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2022“ за континуирани превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, вчера беше реализирана превентивна активност под мотото „Слави со срце , не со оружје“ на подрачјето на Полициското одделение Сарај.
Целта на активноста е преку афирмацијата на совесното и одговорно однесување на граѓаните при разни прослави и веселби, без употреба на оружје или други пиротехнички материјали, да се подигне степенот на безбедност, но и почитување на законските норми, затоа што употребата на оружје може да има тешки последици , односно директна закана по здравјето и животот на граѓаните.

Активностите, како и претходно во селата Синѓелиќ и Арачиново, и во Сарај се реализираа на повеке локации. пред повеќе угостителски и услужни објекти.

Полициски службеници разговараа со граѓаните и им укажуваа за ризиците од употребата на оружјето при прослави и веселби, ги информираа за законските одредби што го санкционираат таквото поведение и секако се говореше за опасностите од употребата на оружјето.

Истовремено, на граѓаните во насока на дополнително едукативно –информативно запознавање им беа делени информативни печатени материјали, а се со цел подигање на нивото на совесност и почитување на позитивните законски регулативи.

Од МВР велат дека на граѓаните, исто така, им беше укажано дека огнометите треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги преземат пропишаните превентивни мерки.

Пукањето се санкционира по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а глобата за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност”, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик). Одделението за превенција при СВР Скопје продплжува со ваквите активности.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца полицајци ослободиле осуденик зашто немало место во затворот во Битола

Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука. Според...

Македонецот од Пирин ќе ви каже каков проблем имал со Грк поради неговата тетоважа

Во Бугарија се осеќам како Македонец, до сега проблеми сум имал само еднаш и тоа во Грција.. Откако еден грк ми ја виде тетоважата додека...

Велешанец ја бара возрасната ќерка која со своето дете заминала во непознат правец

Марјанчо Малинов, татко на 23-годишната Теодора од Велес, вчера пријавил во СВР Велес дека таа заедно со нејзината двегодишна ќерка се оддалечила од нивниот...

Есенски екскурзии за пензионерите од Битола

Здружението на пензионери-Битола ги известува пензионерите од општините Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека од 16.09.2024 година до...