28.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаЖивеат под кирија, татко им почина во Италија, собираа пари да го...

Живеат под кирија, татко им почина во Италија, собираа пари да го донесат, дедо им има една исечена нога – тажна судбина на фамилијата на Јован

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фејсбук статус на Маја Скендерска-Чамуровска:

<

Вчера бевме целата фамилија на погреб. Јован дружеше и со нашите деца. Потажен погреб од на тој вчера не сум присуствувала. Господ нека им е на помош на целото семејство.

Не можеше ли да се направи обдукција и се што е потребно врз телото на починатиот пред да се погреба ??? Вчера закопан денес одлука пак да се откопува. Мајката и братот се во многу тешка состојба, ова е мислам премногу…

Најблиските повторно мора да поминуваат низ тоа што беше вчера. Целото семејство е некако со многу тешка судбина. Таткото на Јован пред 4-5 години почина во Италија, децата беа на прагот на полнолетството тогаш, а мораа да собираат пари за да го донесат телото на татко им да биде погребан во родното место.

Мајката е невработена, а децата сега починатиот Јован и брат му беа во странство летото да извадат некој денар да преживеат. Под кирија живеат, државата не им дала социјален стан оти имале една нива на нивно име. Жална и болна беше глетката вчера во Берово.

Дедо им по татко со едната нога исечена седеше на столот пред црквата и чекаше да се прости за последен пат со својот внук кој беше столбот на неговите.

Семејството е загрозено и финансиски и треба да им се помогне во овие тешки денови со што барем малку можеби ќе им се ублажи болката поради прераната смрт на своето чедо. Се обратив и до претставници од општината да им се помогне на фамилијата, ми рекоа требало иницијатива од фамилијата за помош, која по нивно кажување не може да биде поголема од 10.000 ден.

Па добро бе народе им викам ова е многу мала сума на средства за таква несреќа и плус иницијатива од семејството кое не знае главата каде му е. Па може ли и било кој да ја покрене таа иницијатива и час поскоро да им се одобри некоја помош. Срцето ме боли, не можам да се смирам два дена.

Зошто мора вакви трагедии да се случуваат во ова наша држава. Ќе понесе ли некој конечно одговорност за тоа ??? Ќе проработи ли најпосле чувството на хуманост, солидарност и сочувство со болката на семејството. Сите сме во исти кош, сите сме еднакви пред Бога и никој не знаеме утре што не чека. Само знам дека на семејството му треба и финансиска и морална поддршка во овие многу тешки денови за нив.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...