20.5 C
Ohrid
понеделник, јуни 30, 2025
ПочетнаМакедонијаУште од млади години имав визија да ја смениме сликата за Балканот,...

Уште од млади години имав визија да ја смениме сликата за Балканот, вели Ковачевски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во интервју за српската државна телевизија, премиерот Ковачевски , подвлече дека немањето ниту едно отворено политичко прашање меѓу Република Северна Македонија и Република Србија како секуларни држави, особено неговиот личен добар контакт со претседателот на државата Александар Вучиќ, како и со премиерката Ана Брнабиќ, како и позитивните односи на останатите политички репрезенти од двете земји, имаше позитивно влијание и врз односите меѓу црковните институции меѓу двете држави и во изминатиот период беше решено едно повеќе децениско значење односно примањето на МПЦ во канонско единство со сите други православни цркви и одлуката на Синодот на СПЦ беше со огромно задоволство прифатена во Северна Македонија.

<

Овде, премиерот Ковачевски повторно ги истакна добрите резултати кои произлегуваат од Иницијативата „Отворен Балкан“, односно дека немањето отворени прашања со соседите, особено со Србија и Албанија и срдечните средби кои ги остваруваат лидерите на овие три земји, испраќаат јасен сигнал дека Западен Балкан е регион каде што луѓето соработуваат, се почитуваат, работат на економски просперитет, на меѓусебно вмрежување, што е спротивно на мислењето коешто се имаше за Балканот порано.

Една од моите цели, визија уште од секогаш од млади години кога сум се школувал во странство и на американскиот континент и тука во Европа било да ја смениме сликата за Балканот, од место на конфликти на место на меѓусебна соработка и просперитет за сите граѓани кои живеат тука“, вели за РТС претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Тој како пример на добрососедство ги повтори затворените прашања со Република Грција, по што станавме земја членка на НАТО. Со Република Бугарија со Договорот за добрососедство со Бугарија преку ресорски комисии во сите области се постигна договор за отпочнување на преговорите на Северна Македонија во ЕУ и веќе ветото од бугарска страна не постои.

Тука, премиерот Ковачевски ја истакна добрата соработка со Бугарија особено во услови на енергетска криза, со оглед на тоа што Бугарија е една од земјите во Европа која има нето вишоци на електрична енергија заради поседување на нуклеарна централа и исто така и со нив сме во комуникација во однос на обезбедување на електрична енергија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...

Фото: Се запали јахта кај каналот Студенчишта во Охрид – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија !!!!

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар...

Трагедија во Италија: Девет годишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди...