11.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЗанаетот во Македонија злато вреди, а еве и зошто.....

Занаетот во Македонија злато вреди, а еве и зошто…..

spot_imgspot_img

Невработените доколку со соодветното образование не успеале да најдат работа, можат да се преквалификуваат.

Според податоците на Агенцијата за вработување, во 2019 година 1.650 невработени поминале обуки, во 2020 година – 1.400, во 2021 година – 1.422, а 2022 година – планирано е да се вклучат 2.504 невработени лица и во тек е реализација.

„Дел од активните програми и мерки за вработување се разни видови обуки кои имаат за цел да ги подобрат вештините и квалификациите на невработените лица за нивна поуспешна интеграција на пазарот на трудот, односно вработување. Преку учество во обуките невработените лица стекнуваат вештини заради зголемување на нивната конкурентност и побрза интеграција на пазарот на трудот“, велат од Агенцијата за вработување.

Со стекнати нови знаења и вештини, само можат да добијат, без разлика дали ќе се активираат да бараат работа на овдешниот пазар на труд или во странство. Владо Димовски од Прогресивниот синдикат за образование објаснува дека сепак, мотивацијата кај невработените да се преквалификуваат не е на завидно ниво, иако обуките се бесплатни. Вели дека младите не треба да размислуваат само за државни работни места, затоа што има и други опции.

„Од искуство можам да кажам дека за една група за преквалификации во Центарот за доживотно учење кој работи на преквалификации за познати работодавачи и на програмите за вработување, тешко се наоѓаат кандидати за преквалификации иако истите им се бесплатни. Ќе истакнам два примери: во една прилика при формирање на група за преквалификации за заварувачи кои добро би заработувале по завршување на обуките при вработувањето од интервјуирани 87 невработени во евиденцијата на АВРМ преквалификациите ги прифатија само 11 лица. Друг пример кој морам да го истакнам, за истражувањето на Центарот кај младата невработена популација во неколку општини при самите средби некои поединечни, некои групни и при самата презентација на програмите за обуки за преквалификување најчесто се среќававме со барања од присутните „Абе да не вработите на државно та за заварувачи …….“. Нашите препораки дека во металната индустрија многу повеќе се заработува и поголема е платата за оние кои се со средно образование и имаат некакви квалификации отколку на државно (тогаш платата во државните институции почетна беше 15.200,00 денари) најчесто ни беше кажувано дека „Државно си е државно“. Е на тоа „Државно си е државно“ ги навикнаа политичките партии кои во моментов се и најголемите вработувачи во Македонија, односно најповеќе вработуваат свои партиски војници во некаква си државна администрација или некои си фантомски државни агенции каде ги подготвуваат за некои следни избори да бидат тркачи за некое наредно унапредување ако во меѓу време купиле по некоја диплома за завршено некое образование“, вели Димовски.

Тој додава дека многу од невработените не се пријавуваат во Агенцијата за вработување, не фигурираат во евиденцијата, затоа што или работат нешто на „црно“, по договор на дело, имаат некакви приходи, и сметаат дека преку АВРМ нема да најдат работа.

Димовски вели дека во Агенцијата за вработување се пријавуваат оние кои немаат од кого да користат здравствено осигурување, примателите на социјална помош или пак оние кои се отпуштени од работа за да примаат надоместок извесно време.

„Секој се снаоѓа како знае и умее. За оние кои се активни баратели на работа во евиденцијата на АВРМ, а немаат можност за некој подолг период да се вработат според образованието, најдобро е да ги користат мерките на АВРМ за преквалификации во струки кои се доста барани кај нас и да си го најдат своето место под ова сонце во Македонија. Наместо да чекаат да се вработат или да се договорат со некој државен функционер да ги вработи во државната администрација каде и повеќето сакаат да работат (не работат) или да чекаат од дома родителите да им даваат џепарлак, треба да се посветат на изучување на одредени занимања за кои недостасува работна сила овде дома, да посетат некој од курсевите-преквалификациите, па со стекнатите знаења да се појават на пазарот на трудот. Тогаш веќе ако не им се допаѓа понудената работа или платата со стекнатото знаење и стекнатиот сертификат-документ за одреден занает многу полесно ќе најдат работа и ќе се снајдат и надвор од Македонија“, рече Димовски.

Марија Велковска, менаџер во агенцијата 44 Energy and Staff вели дека преквалификацијата секако е голем плус за оние кои се во потрага по работа, затоа што и во странство се бараат занаетчии.

„Лани ни бараа најмалку 30 заварувачи, за Германија и други земји, и тоа за различни типови на заварување. И негувателите се доста барани, но првенствено мора да го знаат германскиот јазик за работа во Германија“, рече Велковска.

Инаку, во јули годинава се регистрирани 117.049 невработени во Македонија. Од нив, 7.815 невработени се без работа најмалку 8 години. 14.577 луѓе се без работа од 5 до 7 години.

Сања Атанасовска
foto freepik.com/ArthurHidden

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...