14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаНаместо по 8 ученици во едно комбе, во Тетово се превезуваат секојдневно...

Наместо по 8 ученици во едно комбе, во Тетово се превезуваат секојдневно по 55 ученици стуткани еден до друг !!!

Веќе една недела средношколците од село Селце кои наставата ја следат во Тетово, наидуваат на проблеми со превозот. Честопати не стигнуваат ниту на првиот час, бидејќи превозот се врши само со две комбиња со максимален капацитет од 8-9 лица, а вкупно има околу 55, велат нивните родители.

Родителите се жалат дека околу половина од учениците секој ден кога заминуваат на училиште остануваат на пат, ангажирајќи ги родителите да ги однесат на училиште, бидејќи фирмата ангажирана од општината има само две комбиња кои земаат вкупно 18-20 ученици, додека ова село што го гледате зад мене има 55 ученици кои секојдневно ги посетуваат средните училишта во Тетово.

„Учениците се малтретираат затоа што 15-16 ученици одат со едно комбе. Тие се веќе возрасни. Во едно комбе ги земаат по 16-17“, рече еден родител.

„Има приближно 55 ученици, а во оптек се само две комбиња. Дури и јас не знам колку можат тие да носат. Осум лица им е лимитот, а другите ги оставаат со приватно такси. Го испратив син ми приватно. Три дена отсуствуваше од училиште, три дена го праќав приватно“, истакна друг родител.

Н: Ако општината и претпријатието не најдат решение пред почетокот на зимата, ќе ја бојкотирате ли наставата?

„Да, се разбира, се разбира. И оваа недела, ако не се реши оваа работа, тогаш бојкотот ќе биде стопроцентен, бидејќи родителите секојдневно се жалат, учениците отсуствуваат од настава“, додаде тој.

„Општината треба да пушти комбе како што треба за да ни биде малку поудобно, 17-18 луѓе каде ќе седат? Ова е катастрофа“, рече еден друг родител.

Од секторот за образование на општина Тетово ни рекоа дека не се информирани за случајот, но ветија дека брзо ќе го решат.

„Како општина официјално ја немаме оваа информација, никој од родителите не дошол да се пожали, меѓутоа како општина ќе ги преземеме сите мерки со фирмите кои се занимаваат со превоз на ученици и многу брзо ќе се реши ова прашање“, изјави Назми Даути, раководител на сектор за образование.

Селце не е единственото село кое го има овој проблем, комбињата се преоптоварени со ученици, евентуално за општината да има помалку за плаќање. Учениците се превезуваат со комбиња затоа што поради немањето општински Совет не можеше да се распише тендер за превоз. Општината делумно го реши проблемот со ангажирање на мали превозници./Alsat.mk

Башким Сулејмани

АЛСАТ

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...