4.9 C
Ohrid
сабота, февруари 8, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: „Најтешкиот период во енергетската криза започнува на 1 октомври и ќе...

Ковачевски: „Најтешкиот период во енергетската криза започнува на 1 октомври и ќе трае до април идната година

spot_img

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, истакна дека овие есен, зима и пролет нè очекува најтешка ситуација во повоената историја на државата….

<

СКОПЈЕ (АА) – Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, истакна дека овие есен, зима и пролет нè очекува најтешка ситуација во повоената историја на државата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денес се одржа 17-тата седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред беше енергетската криза во Република Северна Македонија и мерките за нејзино надминување.

По завршувањето на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски дадоа изјави за медиумите.

Претседателот Пендаровски истакна дека го свикал Советот за безбедност затоа што е важно да се слушнат сите надлежни за енергетската криза која ги засега сите граѓани.

„Не е тајна дека, како и Европа така и нас нè очекува тешка зима. Нарушената безбедност на европскиот континент поради војната во Украина предизвика тектонски промени и неколку кризи кои се чувствуваат во повеќе сектори. По пандемијата сега сме соочени со голема енергетска и економска криза“, нагласи претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски истакна дека на денешната седница на Советот за безбедност претседателот на Владата и членовите го информирале за анализите и проекциите на Владата за претстојната сезона есен – зима.

Премиерот Ковачевски, истакнувајќи дека постои реален проблем со недостаток на електрична енергија во Европа, рече дека имаат за цел на сите граѓани на земјата да им обезбедат најниска можна цена на електрична енергија.

Наведувајќи дека најтешкиот период во енергетската криза започнува на 1 октомври и ќе трае до април идната година, премиерот рече имаат за цел на македонските граѓани дома, на сите ученици и студенти, на сите микро, мали и средни бизниси да им обезбедат најниска можна цена на електрична енергија.

„Во најтешката криза по Втората светска војна, нашата основна цел е државата, граѓаните и бизнисот да се задржат, да функционираат и да растат. Ова е ужасно тешка ситуација, нема правдање, јас немам намера тоа да го правам. Оваа есен, зима, и следната пролет е најтешка во повоената македонска држава и ние тоа ќе го издржиме, ќе го пребродиме заедно. Планот за тоа е договорен, денеска презентиран и во претстојниот период се работи за неговата реализација“, додаде премиерот.

Ковачевски, потенцирајќи дека е обезбеден јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј, мазут за ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Битола, како и дизел-гориво и дополнителна електрична енергија рече дека постојат ризици и дека може да има непредвидливи испади на термо блоковите во Битола и Осломеј поради апсолутната застареност на опремата што е постара од 40-50 години.

Во своето обраќање премиерот апелираше да се престане со копањето на криптовалути, процес кој троши многу струја која пак, е субвенционирана.
Извор АА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото на Васил: Не сме богата фамилија ниту пак влијателна,изразувајќи сочувство на семејството на Фросина.

Семејството на обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“, денеска изрази сочувство до семејството на Фросина. Тие, заедно со бранителот...

Васил Јованов осуден 3 години и 10 месеци затвор за дрогата

Возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулаков oсуден е на три години и десет месеци затвор за дрогата со која бил фатен пред...

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со реализација на проектот за поставување на нов водоводен крак во селото Сливово.

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со реализација на проектот за поставување на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село...

Последната објава на Игор Југ посветена на ќерка му: Животот ти помина со татко во затвор, а тоа го чека и твојот брат кој...

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој на социјалните мрежи споделил статус преку кој и го честита роденденот...