20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСветлата на Ајфеловата кула се гаснат поради енергетската криза

Светлата на Ајфеловата кула се гаснат поради енергетската криза

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градската управа на Париз сака да постигне заштеда на енергија со претходно исклучување на ноќното осветлување на Ајфеловата кула, со цел да даде пример за заштеда на енергија како одговор на моменталната енергетска криза, јавува Агенција Анадолија (АА).

<

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, денес треба да го претстави планот за „енергетска трезвеност“ за намалување на потрошувачката на енергија. Меѓу мерките за намалување на потрошувачката на енергија е и исклучувањето на светлата на Ајфеловата кула, пренесува БФМТВ.

Градската управа на Париз предложи светлата целосно да се исклучуваат во 23 часот и 45 минути, кога ќе заминат последните посетители.

Рефлекторите на врвот на кулата висока 330 метри ја направија светилник на ноќното небо во Париз, а 20.000 светилки и даваа на кулата блескав изглед по пет минути на секој час.

Како што се наведува, ноќното осветлување годишно троши 6,7 гигавати електрична енергија на час.

„Постигнатите заштеди на енергија нема да бидат големи, но како најпосетувана знаменитост во светот должни сме да им служиме како добар пример на сите останати. Нашиот симболичен гест е всушност исклучително моќен затоа што во нас се вперени очите на целиот свет“, изјави Жан-Франсоа Мартинс, претседател на зружението Societe d’Exploitation de la Tour Eiffel (SETE) кое управува со Ајфеловата кула.

Француската влада апелираше до поединците, домаќинствата и претпријатијата да користат помалку енергија бидејќи земјата се соочува со недостиг на електрична енергија, гас и гориво предизвикани од руската војна против Украина.

Неколку градови го решаваат проблемот со исклучување на светлата на јавните згради и улици кога не се користат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...