-2.9 C
Ohrid
среда, март 19, 2025
ПочетнаМакедонијаОграбена Македонската Полиција на ГП Блаце..

Ограбена Македонската Полиција на ГП Блаце..

spot_img

Украден електронски уред на граничниот премин Блаце. Првите сомнежи беа поврзани со ризикот од обиди за сајбер напади врз системот. Од МВР потврдуваат дека на контролниот терминал за патници со воз недостасува компјутерско куќиште. Но, тие негираат дека е можно да дојде до опасност од следење на информациите и до кражба на податоци, бидејќи, според полицијата, уредот не бил поврзан на софтверската мрежа на МВР. Во писмениот одговор велат дека компјутерот веќе подолго време не бил во функција.

<

„Известен е Секторот за внатрешна контрола, криминалистичка истрага и професионални стандарди, кое ги презеде соодветните мерки. Доколку се утврдат пропусти во постапувањето на кој било полициски службеник, ќе се преземат мерки согласно Колективниот договор на МВР и за тоа ќе биде известено надлежното јавно обвинителство“, известуват од МВР.

Од МВР тврдат дека секој компјутерски систем може да биде цел на различни видови компјутерски напади. Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика набројуваат некои од причините кои водат до неовластен пристап до компјутерски систем.

„Сакаме да напоменеме дека, според нашето искуство и според искуството на експертите од областа на компјутерската безбедност ширум светот, неовластен пристап до компјутерски систем се врши од луѓе кои ја користат ранливоста на системот каде лозинките се оставени непроменети долго време, користејќи едноставни и слични лозинки“, додадо од МВР.

По зачестените напади врз државните институции кај нас и во регионот, Агенцијата за електронски комуникации апелира државата и компаниите да ја проценат безбедноста на нивните информациски системи. Тие споделија и листа на приоритетни активности./Alsat.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Граѓаните на Нови Сад ќе донираат 10 милиони динари (над 80.000 евра) за помош на семејствата на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани

Граѓаните на Нови Сад ќе донираат 10 милиони динари (колу 5 милиони денари) за помош на семејствата на загинатите во пожарот во дискотека во...

Татко-полицаец од „Пулс“ го извади починатиот син, колегите му го земаа пиштолот да не направи нешто лошо

Во Кочани ништо повеќе нема да биде исто по страшната трагедија кога во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 млади луѓе, а градот остана во целосен...

МВР воведе активна забрана за летање на дронови во Кочани и Штип

Соопштение Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е...

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 14 осомничени лица

Притвор од 48 часа за екс министерот Крешник Бектеши и за поранешните директори на Државниот пазарен инспекторат и на Дирекцијата за заштита и...