12.9 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаСметките за струја ги изгасија машините во неколку индустриски гиганти.

Сметките за струја ги изгасија машините во неколку индустриски гиганти.

spot_imgspot_img

Поради високите трошоци за струја некои големи индустриски капацитети го запреа производството, истакна првиот човек на стопанската комора Азески.

Неизвесно е дали во најскоро време тие ќе почнат повторно да работат. Нивните трошоци за електрична енергија се зголемени од 3 до 6 пати.

Затоа денеска во комората 10 најголеми фирми на состанок со министерот Бектеши се договорија до вторник да достават листа на барања до владата, кои треба да им помогнат за да ги задржат вработените и да можат да работат.

„НЕКОИ И НЕ РАБОТАТ, КАКО ФЕНИ. ОД ТАМУ КАЖАА ДЕКА ТРЕБА ДА ОДЛУЧАТ ДАЛИ ЌЕ ГО АКТИВИРААТ ПРОИЗВОДСТВОТО НА ПРВИ ОКТОМВРИ, ТАКА ШТО КАЈ СИТЕ Е РАЗЛИЧНО, НО СИТЕ ИЗРАЗИЈА ОЧЕКУВАЊЕ ДЕКА ИМ ТРЕБА ПОМОШ ЗАТОА ШТО НЕ СЕ КОНКУРЕНТНИ СО СОСЕДИТЕ, КАДЕ ЦЕНИТЕ ЗА СТРУЈАТА СЕ РЕГУЛИРАНИ“ – РЕЧЕ БРАНКО АЗЕСКИ- ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СКМ
Од владата пак очекуваат дека ќе обезбедат струја од Бугарија по цени пониски од оние на берзите по кои работат големите фирми во земјава.

Утре работните групи ќе одат во Софија, за да се договорат деталите околу цената и испораката на електричната енергија.

До крајот на месецов ќе се знае точно што ќе содржи пакетот помош за бизнисот. Она што се знае дека приоротет ќе бидат компаниите кои произведуваат и извезуваат.

Бизнисот подолго време се бори со високите трошоци за струја и бара помош од државата.

Но, до сега се донесе само одлука со која се ограничија маржите на 10 отсто на трогвците со струја.
telma tv

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...