14.9 C
Ohrid
вторник, мај 20, 2025
ПочетнаМакедонијаПремиерот Ковачевски се пишал како НЕСПОСОБЕН во 2001 година за да не...

Премиерот Ковачевски се пишал како НЕСПОСОБЕН во 2001 година за да не оди во војска !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Според информациите кои стигнаа до нас, премиерот Димитар Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога ѝ бил најпотребен.

<

Како и сите граѓани на Република Македонија, кои во тој период служеа во редовите на АРМ, така и сегашниот нелегитимен премиер морал да се јави во војничките редови, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната прес-конференција.

Причината поради која дезертирал е дека е, цитирам, трајно неспособен. Ковачевски, кој сега е премиер и ги ужива сите благодети на слободата и на демократијата, којашто ја има бидејќи луѓе загинале за таа слобода и демократија, додека тој бегал од војска, не се јавил на отслужување на воен рок и не се пријавил во 2001 година, иако бил повикан. Ковачевски е човек дезертер, кој не заслужува да ја води државата“, рече тој.

Тој го повика Ковачевски во рок од 24 часа да каже дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите?

„Да излезе и да каже, во спротивно ќе објавиме сѐ што имаме. Доколку е навистина трајно неспособен, тогаш мора веднаш да се повлече од премиерската позиција“, рече Ковачки

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Раде Трајковски – Штекли однесен на Клинички поради здравствени проблеми

Раде Трајковски познат како Штекли денеска се пожалил на здравствени проблеми во затворот „Скопје“, поради што бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тераза“, пишува...

Донесен нов закон: Ќе може да се зема во исто време и пензија и плата.

За првпат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите, објави денеска Никола...

Матурант од Струмица пронајден починат.

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на местото викано Крива Река, бил...

Изгоре семеен автомобил на бизнисмен од Битола, и два други паркирани до него, дознава „АПЛА“

Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво...