21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаДали МВР ќе реагира на ова?!- Во Скопје ќе се истеруваат демони...

Дали МВР ќе реагира на ова?!- Во Скопје ќе се истеруваат демони од луѓе?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Социјалните мрежи „вријат“ откако самопрогласениот исцелувач Константин Тино Кајшаров го најави својот настан во Скопје, претстојната сабота.

<

Имено, во неговата обајава на Фејсбук се наведува дека оваа сабота во Скопје од 18 часот ќе организира „ослободување од демони, од проклетства и маѓии“. Каде не е познато, но има оставено телефонски број на кој секој заинтересиран може да се пријави, а овој перформанс е бесплатен.
Покрај оваа информација тој сподели и видео од праксата на „истерување демони и нечисти сили“.

Неговата објава предизвика голема дискусија на социјалните мрежи.

Контроверзниот надрилекар кој своевремено беше пејач, биоенергичар, кинезитерапевт и познавач на фреквенциите, пастор и што ли уште не предизвика лавина реакции, па така многумина се чудат како и вакво нешто излегло во јавност.

Многумина предупредуваат дека, иако пишува дека настанот и лекувањето е бесплатно, тој ве навлекува и дебело наплаќа за сеансите.

 

Измамникот и предводникот на секта! Се што е надвор од црквата, а врши такви дејности како Тино е религиозна секта! Кои будали се лажат кај него да одат да им ги пере мозоците јас навистина не знам…а ги има многу..за жал!

 

-Кај главата им ја празни па и паричникот. Колку што имам наслушнато по 3000 денари од сесија им земал. Ама си нашол овци, нека ги стрижи.

 

-Исцелител со плацебо ефект, би му додала ваков назив, наместо мастер Константин како што самиот се нарекува.

-Парите се уплаќале авансно на жиро сметка. На многумина кои имаат мака, им земал големи суми. Ама возрасни сте си знаете дали треба и мора да верувате во вакви работи.

Ова се дел од коментарите на социјалните мрежи откако беше објавена покана за овој настан паралелно со видео снимките од „исцелувањето“.

Извор: Скопје Инфо

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...