24.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаМанекенка од Унгарија едвај се спасила од трговија со луѓе во Охрид-...

Манекенка од Унгарија едвај се спасила од трговија со луѓе во Охрид- МВР вели дека е лажна пријава

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Унгарската мисица Викторија Јазмин во Охрид преживеала вистински хорор. 21 годишната манекенка договарала фотосесија со Македонец кој се претставувал како бизнисмен. Како што раскажува таа, на почетокот бил фин, но по неколку дена почнала да се сомнева во неговите намери, поради чудното однесување.

<

„По пристигнувањето, персоналот на хотелот ми го зеде пасошот, а потоа ништо не се случуваше со денови, каде и да одев некој беше со мене, ме чуваше. По некое време, мојот клиент почна да ме турка. Сакаше да ме прегрне, ме замоли да му дадам бакнеж, ми пријде малку насилно, но јас одбив. Тој само еднаш се сврте кон мене и ми рече: ако те убијам токму овде и те фрлам во езерото, никој немаше да знае каде си дваесет години. Се исплашив, но не покажав, туку испив две чаши вино. После тоа, ништо не се сеќавам од вечерта, веројатно имаше нешто во пијалокот, паднав во несвесна состојба.“ – Викторија Јазмин, унгарска манекенка

Следниот ден Јазмин побарала помош од својот татко. Додека го чекала да дојде од Унгарија, таа успеала да се сокрие. Две ноќи спиела во шатор.

„Тоа беше пеколен ден. Се плашев дека ќе ме најдат. Воопшто не спиев, се плашев да ги затворам очите. И сега имам кошмари, бидејќи специјалистите потоа рекоа дека добро сум поминала без да ме продадат мене или моите органи.“

Откако безбедно пристигнала дома, Јазмин започнала да добива заканувачки пораки од Македонецот. Ја уценувал дека поседува интимни фотографии од неа, мамејќи ја да се врати.

Според унгарските медиуми, Интерпол веќе ја истражува балканската криминална банда, а една од групата манекенки случајот го пријавила и во Франција. Од македонското МВР, пак, на нашето прашање одговорија дека се направени основни проверки според кои не е утврдена основаност на пријавата. Оттаму најавија дека ќе се прават и дополнителни проверки, за што јавноста навремено ќе биде известена. ВИДЕО ТУКА

СителТв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...

Седум години Северни- Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа !!!

На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Скопје и...

Патничко комбе излета во Охридското Езеро кај селото Подмоље.

Утринава на стариот пат од селото Подмоље кон Охрид, во близина на болницата „Свети Еразмо“, патничко комбе излетало од коловозот и завршило во Охридското...