15.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПолициски патроли ќе има во автобусите сè до целосно надминување на проблемите

Полициски патроли ќе има во автобусите сè до целосно надминување на проблемите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, попладнево учествуваше во воведените полициски патроли во автобусите на ЈСП Скопје, по немилите настани кои минатата недела се случуваа на територија на општина Гази Баба, а на својот Фејсбук профил објави дека полициски патроли ќе има во автобусите сè до целосно надминување на проблемите.

<

Попладнево лично имав можност заедно со претставници на полициската станица од општа надлежност Гази Баба да патувам со автобусот на ЈСП Скопје со број 65 од Автокоманда до Стајковци.

Се сретнав со средношколци но и граѓани со кои разговаравме по однос на немилите настани кои минатата недела се случуваа во овој автобус и мојата порака до сите беше: насилството мора да запре!

Полициски патроли ќе има во автобусите се до целосно надминување на ваквите проблеми.

Моето лично учество во денешната патрола е со цел уште еднаш јасно да ја потврдам мојата решителност како градоначалник на општина Гази Баба за тоа дека вакви настани во иднина нема да дозволиме да се случат, стои во објавата.

Дополни дека секоја институција ќе ги исполнува своите надлежности и, како што наведува, само тогаш системот целосно ќе функционира.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...