31.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаРазлична цена на производи на рафт и на каса – над 4.000...

Различна цена на производи на рафт и на каса – над 4.000 евра казна за трговците кои манипулираат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

59 денари е цената овошен јогурт на рафт, а на каса ми наплатија 81. Oва е една од пријавите кои стигаат до нас од граѓанин кој вчера пазарувал во маркет во центарот на Скопје, кој сакаше да остане анонимен. Но, ги сподели со нас фискалната сметка и фотографијата од производот. Кога се обидел да ги фотографира цените, вработените почнале да ги тргаат од рафт. За овој случај ги контактиравме и од пазарна инспекција, но очигледно продавачките биле побрзи во тргањето на цените, па кога стигнале се било во ред.

<

„Веднаш по пријавата која ја добивме телефонски излезе Државниот пазарен инспекторат, но трговецот најверојатно заради тоа што реагирал потрошувачот веќе ја имаше променето цената и не наидовме на различна цена од онаа што се наплаќа на каса. Еве и ќе апелирам до потрошувачите да ги следат цените“, истакна Анета Симеска Димоска.
Од организацијата за заштита на потрошувачи велат дека најголемиот дел од пријавите се однесуваат токму на различни цени на рафт и каса со почетокот на зголемувањето на цените.

„Откако почна кризата покачувањето на цените, постојано има поплаки од потрошувачите, се жалат на манипулација и нечесна трговска пракса од страна на трговците каде што станаваат една цена на рафтот најчесто пониска, за на каса да им наплатат повисока. Потрошувачите многу често не го забележуваат тоа и кога ќе дојдат дома ја погледнуваат фискалната и утврдуваат дека им е наплатена повисока цена од таа што ја виделе на рафт“, вели Мартина Грнчаровска.

Како го решаваат тие проблемот? Ги упатуваат да се спогодат со трговците, во спротивно да пријават во пазарна инспекција. И од пазарна потврдуваат за пријави за вакви случаи каде цените на рафт и на каса не соодветствуваат. Но. Што превземаат?

„Доколку се утврди дека трговецот не ја почитува законската обврска цената што ја истакнува да е различна од онаа што ја нпалаќа следуваат казнени мерки. Тоа спаѓа во делот на Законот за заштита на потрошувачи измамничко однесување на трговецот и казните се многу високи се движат од 4 000 евра за празвното лице и 500 евра во денарска противвредност за одговорното лице“, вели Анета Симеска Димоска.
Димоска вели дека потрошувачите треба да и бидат сојузници на Пазарна инспекција и сите нерегуларности и манипулации со цените да ги пријавуваат, бидејќи тие не можат да имаат контрола на секој производ во секое време. Најсигурно ви е пред да влезете во процедура да пријавувате во организација за заштита на потрошувачи, па да се спогодувате со трговците да ви ги вратат парите, па во пазарна инспекција, превентивно да се заштитите и на сите производи да им ги проверувате цените кога ви наплаќаат на каса дали соодветствуваат со оние на рафт.
Извор:Тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...