6.9 C
Ohrid
недела, октомври 13, 2024
ПочетнаМакедонијаВо стечај е фирмата што требаше да го гради покриениот базен во...

Во стечај е фирмата што требаше да го гради покриениот базен во Битола

Градбата на покриениот базен во Битола подолг период е во застој иако, според најавите, досега требаше да биде изграден. Базенот се гради во училишниот двор на основното училиште „Даме Груев“ во Битола, како инвестиција на Агенцијата за млади и спорт во соработка со претходната локална самоуправа.

Сегашната директорка на училиштето Биљана Дамчевска-Бакиевска на Комисијата за јавни дејности во Општина Битола ѝ изјави дека дел од градежните материјали се расфрлани низ училишниот двор, а местото не е обезбедено и претставува опасност за учениците.

„Друга фирма добила тендер и престанати се сите активности околу базенот и нема када да се обратиме зашто има дел од градбата која е незаштитена, оградите се искорнати, најверојатно и од временските услови. Целосно е небезбедно за учениците. Има и стаклена волна, за што се бунеа и родителите. Расфрлени се ламарини и други градежни материјали низ целиот двор“, рече Дамчевска-Бакиевска.

Градбата започна во февруари 2020, и тогаш директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски изјави дека се идвоени 45 милиони денари за покриениот базен со должина од 25 метри и широчина од 9 метри. Тогаш беше најавено дека ќе биде готов за 18 месеци.

Советникот од СДСМ Методија Иливески, кој присуствуваше на Комисијата за јавни дејности, рече дека фирмата што го градеше базенот отишла во стечај, па во тек е избор на друг изведувач.

„Фирмата која првично го доби тендерот за изведување е под стечај, кај нив има сериозни финансиски проблеми. Агенцијата за млади и спорт објави тендер и на него се јавија неколку фирми и сега е во фаза на избор на изведувач. Од контактите што ги имав со Агенцијата беше кажано дека во најбрз можен период ќе биде избран изведувачот и таму ќе започнат активностите“, рече Илиевски.

Тој му предложи на училиштето да побара од јавните претпријатија во Битола да преземат активности за да го обезбедат местото за поголема безбедност на учениците.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во липковско полицијата пронајде дрога и оружје.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи...

На денешен ден Колумбо ја открил Америка

На денешен ден во 1492 година прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров...

Децата што се обиделе да силуваат соученик во Ѓорче Петров се првачиња !!!!

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на...

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.