30.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Охрид ќе се отвори бугарски клуб „Борис Трети“

Во Охрид ќе се отвори бугарски клуб „Борис Трети“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 7 октомври во Охрид ќе се отвори новиот бугарски културен центар што го носи името на царот Борис Трети, кој бил на чело на бугарската држава за време на Втората светска војна и окупацијата на Југославија, а во нејзини рамки и на Македонија.

<

Специјален гостин на отворањето ќе биде бугарскиот бизнисмен и филантроп Милен Врабевски, кој платил да се отвори клубот, најавуваат организаторите.

Откако во јуни се отвори бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, јавноста дозна дека во план е отворање и на сличен „клуб“ со името „Цар Борис Трети“, а основачите не побарале мислење од Министерството за правда околу името, но имале писмена дозвола да го користат од синот на царот Борис, поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски. За случајот со спорната регистрација во август се заинтересира и Јавното обвинителство.

Борис Трети бил на чело на Бугарија кога, во соработка со нацистичка Германија, земјата учествува во окупацијата на Југославија и Грција, а претходно добива и територија во Романија и се проширува речиси до санстефанските граници, па во бугарската историографија царот се нарекува и „Обединител“. Борис Трети е контроверзна историска фигура и од друг аспект во македонско-бугарските односи – иако според бугарската историографија, тој помогнал да се спасат од смрт во концентрационите логори Евреите во Бугарија, не го сторил истото и за Евреите од Македонија, кои биле речиси целосно истребени откако токму бугарската „администрација“ ги испратила во насицтичкиот логор на смртта Треблинка во Полска.

На најавите за отворање на клуб со името на Борис Трети реагираше Еврејската заедница од Македонија.

„Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава” и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото „Конечно решение на еврејското прашање,” наведоа тогаш од Еврејската заедница.

Извор Слободен печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На граничниот премин Табановце, скопјани се преставиле како дипломати со лажни документи !!

Лишени од слобода две лица на ГП „Табановце“ поради фалсификување исправа На 25.07.2025 во 14.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, од...

Мајчинска очајна потрага по 16-годишната Теодора Бабарчиќ – која се удави во водите на Вардар кај Градско

Очајна потрага по 16-годишната Теодора Бабарчиќ – исчезна во водите на Вардар кај Градско Се бара 16-годишната Теодора Бабарчиќ која вчера исчезна во водите на...

Државјани на Албанија сакале да ги подмитат вработените на граничниот премин Ќафазан.

На 25.07.2025 во 12.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Кафасан" при Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги приведоа албанските...

Напад со нож во хотел на охридското крајбрежје.

На 25.07.2025 во 21.55 часот, полициски службеници од СВР Охрид во охридското село Коњско, го лишија од слобода А.Д. (43) од истото село. Тој...