12.4 C
Ohrid
среда, мај 14, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерот Сали го отвори Центарот за ментално здравје во Општата болница во...

Министерот Сали го отвори Центарот за ментално здравје во Општата болница во Кочани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за здравство Беким Сали денеска го отвори Центарот за ментално здравје во рамки на Општата болница со проширена дејност во Кочани.

<

На свеченоста по повод отворањето присуствуваше и раководителката на канцеларијата на Светската здравствена организција (СЗО) во Скопје, Ане Јоханесен, како и претставници од ресорното министерство и вработени во кочанската болница.

Директорот на Општата болница со проширена дејност, Александар Серафимов информираше дека за потребите на Центарот комплетно е реновиран и адаптиран поранешен објект што не се користеше, за што се инвестирани околу 15 илјади евра, а стручно е екипиран со двајца психијатри, еден психолог и три медицински сестри.

-Отворањето на Центарот во Кочани е во пресрет на 10 октомври – Светскиот ден на менталното здравје, а пациентите што ќе ги користат услугите ќе бидат упатувани со закажување преку „Мој термин“. Ќе опслужува околу шест илјади амбулантски пациенти на годишно ниво. Тој е дел од националната Стратегија за унапредување на менталното здравје 2018 – 2025 година. Вакви центри веќе функционираат во Скопје, Тетово, Гевгелија, Демир Хисар, Струмица и Прилеп, а во иднина ќе продолжиме и во другите градови. За подобрување на здравствените услуги во Општата болница во Кочани, која покрива повеќе општини од источниот регион, веќе се испратени на специјализација 16 млади лекари во различни области, истакна министерот Сали.

Претставничката на СЗО, Јоханесен даде поддршка на напорите за отворањето на Центарот во Кочани, при што нагласи дека еден од приоритетите е да се подигне јавната свест за потребите на пациентите со проблеми во менталното здравје.

-Многу е важно да се намали стигматизацијата на пациентите со вакви проблеми. Постои напредок затоа што медицинските лица ги препознаваат, но кај пациентите има колебање и тие често сметаат дека не треба да побараат помош. Сепак, како и кај сите други здравствени проблеми, као хипертензија на пример, и овие луѓе треба да побараат терапија и лек за своето здравје, истакна Јоханесен.

На отворањето на Центарот за ментално здравје во Кочани беше истакнато дека во наредниот период е планирано негово кадровско зајакнување уште со двајца психијатри, двајца психолози, социјален работник, пет медицински сестри и двајца болничари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исчезната судијка од Сараево пронајдена мртва !!!

Членовите на Планинската спасувачка служба (ГСС) од Сараево, по неколкудневна потрага, го пронајдоа телото на жена и утврдија дека станува збор за судија на...

Градоначалникот Пецаков оствари средба со новоименуваниот Амбасадор на Австралија

Остварив средба со новоименуваниот Амбасадор на Австралија во Амбасадата во Белград, што ја покрива и Македонија, Н.Е. Питер Трасвел и почесниот конзул на Австралија...

Во Приштина уапсен Дритон Ибиши – член на групата „Грчец“ кој се бара со меѓународна потерница

Вчера во Косово бил уапсен Дритон Ибиши, 52-годишен маж против кого имало активна меѓународна потерница и за кој се верува дека е дел од...

Support Kocani“: Медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат раните на повредените

Организацијата „Support Kocani“, која им помага на повредените од „Пулс“, алармира дека пациентите кои се вратиле со отворени рани, не можат да бидат третирани...