18.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаМизрахи од Охрид: Ова што се случува е силување на македонскиот народ

Мизрахи од Охрид: Ова што се случува е силување на македонскиот народ

spot_imgspot_img

Пред дваесет и две години на третата конференција за холокаустот во Стокхолм поточно во 2000 година, барањето на Република Бугарија да биде прогласена за земја праведник – земја која ги заштитила Евреите од депортација, беше одбиено од учесниците на конференцијата со образложение дека монархофастичкиот режим во Бугарија предводен од Цар Борис III и владата на Богдан Филов изврши депортација на 11.363 Евреи од Македонија, Тракија и југоисточните делови на Србија, истакна денеска од Охрид, Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како што знаете, Македонија во текот на втората светска војна загуби 7.144 Евреи од Македонија кои беа депортирани од бугарската фашистичка војска, во логорот на смртта – Треблинка од каде никој не се врати. Во нивен спомен обележје во Скопје е изграден меморијален центар кој воедно е и единствениот сефардски меморијален центар во светот. Официјалната документација, која ја раскажува вистината за овие случувања во време на Втората светска војна, се наоѓа во самиот меморијален центар, меѓутоа и во Вашингтонскиот меморијален центар како и Јад Вашем во Израел и се јавно достапни.
Во последниве две години, на политичката сцена во Македонија и Бугарија, за жал се повидливи стануваат актерите кои се залагаат за ревидирање на историјата, историските факти што меѓу останатото резултира со обиди за искривување на вистината за холокаустот на Евреите од Македонија, посочи Мизрахи и напомена дека
ова е во целосна контрадикторност со резолуцијата на Обединетите Нации за спречувањето на негирање на холокаустот од 20 јануари 2022 како и дефиницијата на ихра која е усвоена од Европската комисија.

Само еден елемент на овој процес, продолжи Мизрахи, е отворање на т.н. “културни центри“ со називи на контроверзни историски личности и фашисти, како што е Цар Борис III, кои имале директно учество во геноцидот на Евреите од Македонија.

-Би сакала да нагласам дека Евреите од Македонија се дел од европското семејство и ваквите процеси, за мене, а верувам и за сите вас се неприфатливи и претставуваат повеќе од сериозна провокација. Ова што се случува е силување на македонскиот народ, неговото антифашистичко минато преку наметнување на вредности на третиот рајх затскриени преку злоупотребата на европската ѕвезда.
Ова не се европски вредности. Затоа, уште денес на овие процеси мора да се стави крај, нагласи Мизрахи.

По, Ванчо Михајлов и Цар Борис III, додадд Мизрахи, неспорно е дека ќе продолжат обидите за ревидирање на историјата на Македонија и претставување на окупаторите како ослободители.

-На крајот на денот не се само Евреите, македонскиот народ памети колку жртви дал за ослободување од војските испратени од оној на кој денес во Охрид му се отвора културен центар. Секоја педа од оваа земја е натопена со партизанска крв. Дозволете да ве потсетам дека продавањето на сила, афторитет, уцена и диктат не се пријателство, а обљубата со присила е само тоа, силување.
Затоа, уште денес, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Закон за измена и надополна на Законот за здруженија и фондации со што не само ќе се спречи идно формирање на вакви квази културни клубови туку и ќе може да се реагира за веќе постојните кои власта на СДСМ дозволила да се регистрираат и е нивен соучесник, рече Мизрахи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...