27.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаБизнисменот што донирал визири за полицијата платил казна бидеќи превезувал кученце !!!

Бизнисменот што донирал визири за полицијата платил казна бидеќи превезувал кученце !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бизнисмен кој донирал визир за сообраќајни полицајци денеска е казнет за сообраќаен прекршок за кој малкумина знаат дека постои.

<

Јавноста е изненадена од неговата информација дека бил казнет затоа што во своето возило превезувал куче во негова сопственост.

Разочараниот бизнисмен уредно ја платил казната но со горчина упатува порака до МВР:

Министерство за внатрешни работи

– Додека имате срамотни 2,7% решени криминални случаи.
– Додека се чека по 6 месеци за записник од кражба.
– Додека не смеете да пристапите во пола од сателитските населби на Скопје.
– Додека пола луѓе возат без раце, пошто имаат и цигара и мобилен во рака.
– Додека ретко кој дава жмигавец.
– Додека пола од тротоарите се паркинзи.

Јас денес платив казна за “превоз на животно (куче)” ?!!!!

Во 20 минути колку што му требаше на сообраќаецот да ја напише казната, пројдоа 100 коли без катализатор, 10-тина комбиња се паркираа на тротоарот на раскрсницата пред Рептил и растовараа роба!!!! додека пешаците си поминуваа по коловоз.

Има ли некој нормален во државава !!!!

ЗАЛ МИ Е ЗА СЕКОЈ ДЕНАР ДАНОК КОЈ ШТО ГО ПЛАЌАМ КОЈ ШТО ЗАВРШуВА ВО ВАШАТА ИНСТИТУЦИЈА !!!

ЖаЛ МИ Е ШТО КОГА ВИ БЕШЕ ПОТРЕБНО ДОНИРАВ ВИЗИРИ ЗА ВАШИТЕ СООБРАЌАЈЦИ !!! (нема да ми се повтори)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Скопје-Тетово затворен во двата правци

Автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Граѓаните се повикуваат...

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....