13.3 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаБУГАРСКИ АНТИ-ЕУ ПРОВОКАЦИИ КОН МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРО-ИНТЕГРАЦИИ!

БУГАРСКИ АНТИ-ЕУ ПРОВОКАЦИИ КОН МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРО-ИНТЕГРАЦИИ!

spot_imgspot_img

 

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ

Тој кој проба Македонија да ја (с)нема, во својот оган ќе изгори, знаеше да каже покојниот поглавар на Македонската црква Неговото блаженство Миахил.

Но, тоа важи за секој против светата земја Македонија, триесет и еден пат спомната во Библијата, најсветото писмо на светот. А, отсекогаш Македонија страдала од домашните одроди и предавници… таа историја постојано и’ се повторува…

Па, доаѓа на ум Горан Стефаносвки авторот на “Диво Месо“ кој знаеше да каже: “Најстрашни се времињата кога домот се претвора во туѓина, во џенем, во јабана. Кога човек е на своето огниште, а сартисан и отуѓен како змија да го полазила. Кога е внатрешно раселено лице. Кога ‘т’гата’ не е поради отсуство, туку поради присуство. Кога седи среде куќи, а не може да си ја препознае домата…“

За жал, нашиот дом Македонија, никако да си го уредиме и исчистиме од “лошите момци“ кои постојано си го распродаваат, за лични бедни интереси, оставајќи им товар гревови на сопствените деца, идните поколенија.

 

Така е и со Бугарија и нејзиниот октроиран катиљ ферман Договорот од 1 август 2017 година, скорен од самопрогласениот црпнат од нива кој вети дека живи луѓе ќе јаде.

И покрај се’, провокациите од нашиот источен сосед заедно со неговите “измеќари“ се прочитана книга! Тоа не се никакви вредности! Тоа се антивредности на Европската Унија и НАТО Алијансата! Наместо извинување на колена, како Великиот Вили Брант пред страдањата на Полскиот народ и Евреите во името на Германскиот народ, Софија го повампирува фашизмот во Македонија од Втората светска војна! Се разбира, тоа не проаѓа…

 

Верувам во Господ, Комитетот на министрите на Советот на Европа, во јануари 2023 ќе ја суспендира Бугарија од членство на оваа најстара европска организација не за било што, туку за неспроведување на 17 пресуди за Македонците во Бугарија!

 

Ако Германците им се извинија на Пољаците и Евреите за злосторствата во Втората Светска Војна, зошто Бугарија да не им се извини на Македонците за злосторствата во Балканските војни, Првата и Втората Светска Војна? Тоа е доблест, големина и величина!

Бугарија мора да се извини за сите историски и општествени неправди кон Македонците во Балканските војни, Првата и Втората Светска Војна: Окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ! Едноставно МОРА, тоа е чекор на добра волја за македонско-бугарско помирување, основа за склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебноте односи! Се’ друго е гола вода.

Ќе го цитирам претседателот на СМК, Петров кој вели: “Договорот на Бојко Борисов со шарлатанот Зоран Заев од 1 август 2017 година е ветер и магла, за Македонците тој договор не важи, за Македонците тој договор е ништовен и по домашното и по меѓународното право, ревизија за нова октроирана политичка историја на Македонскиот народ и на Македонија по рецептите на Софија е неприфатлива, никогаш нема да важи! Територијалните претензии на Софија кон Македонија ги отфрламе, тие никогаш нема да се случат!“

Зад оваа изјава стојат сите Македонци по род и државјанство и кои си ја сакаат куќата и државата Македонија каде и да се, а нив ги има низ целиот географски атлас на светот!

Дефинитивно, Софија мора да го заборави неизживеаниот романтизам за руската креација Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година. Таа “Санстефанска Бугарија“ постоела само три месеци на хартија од Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година после војната помеѓу Руската Империја и Отоманската Империја 1877-1878 година, до Берлинскиот Конгрес од 13 јуни до 13 јули 1878 година. “Санстефанска Бугарија“ била руска фикција: Москва преку Кавала и Солун да излезе на топлите мориња, на Медитеранот!

“Бракот меѓу Бугарија и Германија во Втората светска војна е историски факт, тоа не е фикција или фатаморгана! Бугарскиот Цар Борис III бил другар со германскиот фирер Хитлер, тоа не е никаква тајна!

Тајна не е ниту бугарската фашистичка окупација врз Македонија! Бројните ѕверски убиства, спомнувајќи ја само Ваташа, се сведоштва низ целата територија на Македонија. Фашистичкото минато Бугарија го повторува и денес во Македонија: Отвара антимакедонски здруженија со имиња на соработници со Хитлер и Мусолини од Втората светска војна. Самите, преку врховисти и колаборационисти, фашисти и нацисти кои, си ги покажаа роговите кои и после половина век, не се кријат, “Хајл Хитлер“ во Македнија викаат!

Културен соживот меѓу Македонија и Бугарија да, но без провокации како во случајот со отворањето на “културните“ антимакедонски и фашистички центри. Контроверзните имиња со кои се насловени се токму тоа: Непотребна и однапред смислена провокација, вели бугарскиот аналитичар Дечев. Постојат многу други имиња кои би биле соодветни за назив на културни центри кои би ги поврзале двете земји наместо обратното.

Македонските правници се децидни дека нов Закон за здруженија не треба да се чека, а клубовите со спорни имиња можат да се забранат и со постоечкото законодавство. Власта  ја лаже македонската јавност за измени на закон Законот за регистрација на здруженија на граѓани.

“Три месеци ја лажат македонската јавност дека они ќе предложат закон и видовме невидовме дека они не предлагаат, а клубови на соседни држави кои носат имиња на докажани фашисти низ Македонија се отвораат, зедовме и ние предложивме. Очекуваме поддршка од Владата или да кажат барем што е тоа што треба да се дополни во тој закон што не им одговара за и тие да го прифатат“, ќе обвини лидерот на опозицијата Христијан  Мицкоски.

Во Благоевград за крајот на месецов е закажано отворање на македонски културен клуб со името “Никола Вапцаров”. Иако според Дечев, тоа е име кое е прифатливо за двете земји, сепак професорот не исклучува провокации. Се уште неофицијално отворен, клубот веќе беше цел на вандализам, оштетен беше неговиот напис. Реакција од македонското МНР и нејзиниот прв човек Бујар Османи немаше, но огорчено реагираа од здружението на Македонците во дијаспората Нов Асном, од каде оценија дека ова е напад врз меѓуетничката толеранција во Европска Бугaрија.

За каква европска Бугарија станува збор, која упорно “јуриша“ и посегнува по туѓа историја и посебност? Дали Европска Унија треба да толерира вакви фашизоидни идеи и апетити, доведувајќи го во прашање сопствениот авторитет пред светот и во самата Европа? Тоа се потврдува со негацијата на одлуките на единствениот евроспки суд  за човекови права во Стразбур. Свесно негирајќи го исходот 17: 1 во корист на Македонија, Европа фактички си дава автогол!

Пред се, повампирувајќи го фашизмот на македонски простори и негирајќи ја вистината што се’ стори царска Бугарија против Евреите во Македонија. Остро реагираше и Еврејскиот клуб Визентал во врска со отворањето на културни центри на Бугарија во Македонија со имиња на крвопијци и убијци на Македонците, Евреите, Србите, Ромите и останатите. Не е ниту тајна депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија во концлогорот Треблинка во окупирана Полска! Таа депортација ја извршиле бугарските наци-фашисти!

И што бара сега Софија, плочки во Македонија на секој камен на кои ќе пишува “тази дупка не е дупка”?!

Впрочем, што слави Владата на СДСМ на 11 октомври, ако не постоела бугарска фашистичка окупација врз Македонија? Од кого се ослободувале и против кого се бореле Македонците во Втората Светска Војна? Кој ги депортирал Евреите од Македонија во концентрациониот логор Треблинка? И уште многу што без одговори…

Не може, а да се премолчи и последната во низа скандали на Владата на премиерот Ковачевски. Имено, на владина прослава во Куманово по повод празникот 11-ти октомври, Денот на востанието на Македонија, при изведбата на македонски партизански песни, хорот наместо “клетите фашисти“, пееше “клетите душмани“.

Ваквото однесување на власта кон уште еден национален празник не претставува ништо друго, освен веднење глава пред национал-шовинистичките барања на Бугарија за бришење на времето на фашизмот на овие простори. Впрочем за оваа марионетска влада не е првпат на свечени церемонии или одбележувања на празници да има цензурирање на македонски песни и делови од македонската национална химната.

Затоа велиме, било да не се повтори. Ама, тоа што се случило не се ретушира, се сторило… простуваме, но не забораваме… Доблесните и мудрите се извинуваат, простите и грешните се одмаздуваат.

Беа со Хитлер, беа со Сталин, сега се со ЕУ и НАТО… избегаа од Македонија, корените на бугарската нација ги врзаа за Татарстан, Кина и Монголија… утре може да бидат и со Луцифер ако не се и сега… И покрај се’ и после се’, Софија нова историја за Бугарија не може да напише преку Македонците и Македонија. Тоа е завршена приказна.

Повторуваме, основата и на Бугарија е Македонија, ќе дојде ден ќе им текне, ферментацијата е процес на зреење. Колаборационисти и врховисти, одродници и предавници, за пари се наоѓаат, и тука и таму, ама врз нив и со нив, добрососедство и братство не се гради.

И покрај се’ и после се’, иако со ДНК анализите се’ е мерливо и одредливо, макар и еднострано, Македонците декларираат: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чија основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите помеѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

Сите сме биле делови од исти империи на овие простори и сите носиме исто, слично или заедничко културно-историско наследство. Тоа не е ниту срам ниту грев да се каже. Така било, така и ќе остане!

Интересно е да се нагласи, дека срамот и резилот на СДСМ и нејзиниот премиер Ковачевски или продолжена рака на авторот на шарлатанот Заев, направија своевиден скандал или предавнички чекор, а тоа е што свесно и натаму го лажат македонскиот народ, дека тие не се креатори на оваа предавство што народот не сака по никоја цена да го голтне, тоа е отровен залак за сите во државата Македонија!

По отварањето на клубот цар Борис Трети во Охрид, никој од СДСМ не се огласи, освен министерот Оливер Спасовски кој прв енергично го осуди ваквиот гнасен чин и провокација од соседна Бугарија, истото го стори и при отварањето на клубот во Битола со име Иван Михајлов.

Секако, внимание заслужува поднесената иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на програмата за работа и статутот на здружението “Цар Борис Трети“ во Охрид, од страна на адвокатот Тони Менкиноски. Во поднесената иницијатива се наведува дека “неспорно може да се утврди оти програмата и статутот на здружението се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на државата Македонија и разгорување на националната и верската нетрпеливост“.

Во прилог на иницијативата се посочува историскиот факт дека цар Борис Трети бил соработник на Адолф Хитлер, дека ја придружил Бугарија во Тројниот пакт со нацистичка Германија, фашистичка Италија и Јапонија, како награда добивајќи ги териториите на Вардарска Македонија, Егејска Македонија и Тракија.

Менкиновски ја истакнува и депортацијата на 11.363 Евреи од Македонија, Тракија и југоисточните делови на Србија во текот на Втората светска војна, извршена од страна на Бугарија, при што Македонија загубила 7.144 Евреи. Како неспорен историски факт е наведена и окупацијата врз Македонија од страна на фашистичка Бугарија на 19 април 1941 година, при што на чело со цар Борис Трети донесен е акт за промена на македонската националност во бугарска.

Во прилог на барањето се додава и праксата на Европскиот суд за човекови права, која покажала многубројни случаи во кои негирањето на фашизмот и Холокаустот поттикнуваат омраза и нетолеранција. Со поднесената инцицијатива на Менкиноски кој е правен застапник на Македонците од Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур, се бара поништување на програмата и статутот на здружението “Цар Борис Трети“ од Охрид.

Светскиот Македонски Конгрес целосно ја поддржа иницијативата со очекување Уставниот суд да ја прифати, да постапи исто како што ги поништи статутот и програмата на поранешното здружение РАДКО.

Која перверзија и хипокризија на Ковачевски, но сеуште постои надеж овие октроирани “печурки“ од антимакедонски нацистички бугарски центри, со свесна тенденција да се создаде лоша слика за Македонија во одбрана на Бугарија пред нејзиниот пораз пред јануарскиот состанок на Комитетот на министрите кога Бугарија треба да се избрише или да добие шут карта од Советот на Европа!

Очекуваме Македонската влада заедно со правниците и невладините организации и опозицијата го донесат законот Законот за регистрација на здруженија на граѓани.

Европа мора да биде, пред се, искрена кон Македонија и Македонскиот народ, да ја осуди Бугарија, бидејќи ваквиот начин, толеранција на бугарските анти-еу провокации кон македонските евро-интеграции, јасно го крши основниот принцип и начело односно правило од конституирањето на Европската Унија во изминатите седум децении.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...