26.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаСпонзорот на бугарските клубови открива дека лани имал средба со претседателот Пендаровски

Спонзорот на бугарските клубови открива дека лани имал средба со претседателот Пендаровски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Милен Врабевски, бугарскиот бизнисмен, доктор и музичар, кој стана актуелно име во земјава откако ,,Фокус” објави дека тој ги финансира бугарските клубови во Битола и Охрид, освен што имал средби со повеќе наши јавни функционери, открива дека минатата година се сретнал и со претседателот Стево Пендаровски. Во интервју кое го објави Трибина.мк тој зборува за неговата Фондација ,,Бугарска меморија”, за многуте награди кои ги добил поради своите залагања за градење економски мостови, поддршка за кариерен развој на млади луѓе, образовни иницијативи и друго. Потсетува и на низа на донации кои ги остварил во нашата земја, а слични активности имал и во Украина, Молдавија, Србија и Албанија.

<

-Нема ништо чудно во тоа што филантропи како мене се во постојана комуникација со политичарите. Минатата година имав и лична средба со претседателот Пендаровски, со предлог од моја страна да се формира граѓанска иницијатива во РСМ за стабилна позиција за евроатлантската ориентација на Македонија и надминување на спорот со Република Бугарија-вели Врабевски во интервјуто за Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...