9.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаЗоран Заев ја избркал косовската министерка за надворешни од канцеларија

Зоран Заев ја избркал косовската министерка за надворешни од канцеларија

spot_img

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев нема намера да се враќа во политиката. Ова беше неговиот одговор на новинарско прашање во Тетово каде што учествуваше на панел-дискусија поврзана со енергртската криза и инфлацијата.

<

– Немам намера да се вратам во политиката и да им олеснам на неколку луѓе и заради Фондацијата Заев и заради моите општествени активности, јас си го сакам нашиот народ, јас ја сакам државата. Немам намера да се кандидирам за претседател на државата, мирни да бидат спокојни.

Дваесет години сум во политиката, ќе ја помогам оваа и секоја идна Влада имам наследство внатре, големи одлуки донесов. Сакам да успее мојот народ, сакам да успее државата. Убаво е да расчистиме. Не зборам само за кога бев политичар за опозицијата тогашна моја и за моите луѓе од СДСМ, и за коалициони партнери и за опозицијата-Заев нема да продолжи.

Еве едно важно прашање, темите важни да ги пренесуваме, оваа тема можеби на некој ќе му олесни, ама на луѓето ги интересира живеачката, денеска тоа што се случува, истакна Заев.

– Јас дојдов од бизнисот и беше малку чудно лидер на социјалдемократска левичарска партија да дојде од капитал секторот, но верувам дека донесе една нова вредност затоа што практичарите ги гледаат на еден начин работите, а теоретичарите и креаторите на идеите на националните стратегии од делот на професори, невладини организации, на друг начин па се прави убав микс.

Тогаш имате една пореалистичка опција за развојот на државата, мене ми е многу убаво во бизнисот каде што се вратив каде што доаѓам, верувам дека нема човек кој повеќе и се радува на слободата.

Се радувам на слободата. Се борев за слобода и демократски вредности во едно тешко време кога требаше да се применат, ги применив преку демонстрирање на поднесување на одговорност и оставка кога треба.

Јас верувам, нашиот народ вклучително и политичарите ќе созреваат во делот на сите права кои народот им ги дава но и одговорностите што мора да ги понесеме сите – нагласи Заев.

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев побарал од министерката за надворешни работи на Koсово, Доника Гервала да го напушти неговиот кабинет откако таа на средбата рекла дека доколку Македонија не излезе од Отворениот Балкан, ќе си има работа со неа, пишува „Инфомакс“.

Според информациите, Заев, соочен со оваа необична ситуација, побарал од Гервала да го напушти кабинетот.

„Извинете госпоѓо, но ова викање е неподносливо во мојата канцеларија, од учтивост не можам да ве изнесам, инаку не можете да зборувате на овој начин и вака“, изјавил Заев.

После тоа Гервала ја напуштила канцеларијата.

Текстот за тој случај претходно вчера го објавија повеќе албански портали без притоа да прецизираат кога точно се случило.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...

Благодарение на медиумите, скопјанката Гордана го пронајде кученцето Зои.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска после тринаесет денови потрага пред половина час гопронајде нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочеше, неколку...

Од тага по кучето, жена од Скопје заврши во болница.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од...