12.9 C
Ohrid
недела, мај 12, 2024
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Нашите јаболки се највкусни, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар

Ковачевски: Нашите јаболки се највкусни, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар

Премиерот им се заблагодари на пазарџиите и македонските земјоделци кои, како што рече, секојдневно работат неуморно за граѓаните да имаат свежи и убаво домашно овошје и зеленчук.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во рамките на средбите со граѓани, на пазарот во Ѓорче Петров, директно им се заблагодари на пазарџиите и македонските земјоделци кои, како што рече, секојдневно работат неуморно за граѓаните да имаат свежи и убаво домашно овошје и зеленчук.

– Годинава голем фокус ставаме на зголемувањето на домашното производство на храна. Нашите јаболки се највкусни, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар, убавата и вкусна македонска храна е наше богатство. Нашата татковина има сонце, вода, плодна почва, ги има сите потребни ресурси, а ние, даваме целосна поддршка на земјоделците за најпрво да им помогнеме работата да им се развива по нагорна линија, но и за да обезбедиме доволно храна за целата држава во оваа голема криза во која живееме – рече Ковачевски.
Тој на пазарџиите им објаснуваше дека Владата веќе вовела нов модел за финансиска поддршка на земјоделството со кој ги мотивираат да произведуваат повеќе храна. Според него, владата којашто ја предводи навреме презела соодветни мерки за обезбедување храна, струја и енергенси и за заштита на стандардот на граѓаните, на ранливите и на компаниите.

-Го максимализиравме производството на струја од домашните капацитети, постојано го зголемуваме домашното производство и вклучуваме нови капацитети. Реализираме два пакети антикризни мерки од 700 милиони евра. Струјата за граѓаните ја субвенционира, ја плаќа државата, во висина од 80%, како и за 72.000 компании. Подготвени сме за соочување со сите предизвици никој нема да биде оставен сам, заедно ќе успееме, рече Ковачевски.https://www.slobodenpecat.mk/

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот на слобода

Укината е пресудата изречена за двацата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими кои добија условни казни затвор, а...

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство. Изборите во кои доживеаја катастрофален пораз, причина социјалдемократите да заминат на брзи внатрепартиски избори....

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градскиот плоштад беше донесена од храмот „Свети Григориј Палама...

Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома

Немав многу време да го следам говорот на господинот Стево Пендаровски, но фатив неколку инсерти. Рекол дека ми ѕвонел на телефон за да ми...