26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија добива нов мобилен оператор – „Телеком Србија“ преку „М-тел“ влегува во...

Македонија добива нов мобилен оператор – „Телеком Србија“ преку „М-тел“ влегува во мобилната телефонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Компанијата „М-тел“, членка на Телеком Србија групацијата, е новиот оператор на пазарот на мобилна телефонија и интернет во државава, со понуда на припејд и постпејд тарифи за кои ќе го користи префиксот 073. Ќе работи преку мрежата на А1 Македонија со сигнал на територија на цела држава. Раководството на „М-тел“ најави нови работни места, откако пред една година влезе на македонскиот пазар со продажба на сателитска телевизија.

<

Веќе имаме 80 вработени и ќе отвориме многу работни места. Посветени сме да ги пронајдеме и вработиме најдобрите стручњаци и сигурен сум дека за брзо време овој број ќе го удвоиме. Планираме да ги вратиме во мода припејд тарифите, бидејќи не сакаме да ги врзуваме корисниците со 24 месечени договори, рече Владимир Лучиќ, генерален директор на Телеком Србија групацијата.
Марко Лопичиќ, генерален директор на Мтел Македонија, информираше дека компанијата во својата понуда има припејд и постпејд тарифи, како и комбинирани пакети услуги од мобилна телефонија, интернет и сателитска телевизија.

Веруваме дека нашиот припејд сегмент ќе биде вистинско освежување на пазарот, а нашите припејд корисници ќе имаат пристап на апликации МplayTV I Balkan music кои ќе понудат филмски, сериски и телевизиски содржини, како и најдобрата регионална музика, рече Лопичиќ.
Според податоците на Агенцијата за електронски комуникации, бројот на активни претплатници во мобилна телефонија во државава заклучно со вториот квартал годинава изнесува 1 932 608. А1 Македонија има 48,13 проценти од вкупниот број активни претплатници, по што следат Македонски Телеком со 47,39 проценти, Лајкамобајл со 3,19 проценти, Роби со 1,21 процент, Грин мобиле со 0,08 проценти.

Од резиденцијалните активни претплатници, 754 907 се припејд, а 928 381 постпејд, додека бројот на деловни претплатници изнесува 249 320.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...