14.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски за лажните дојави за бомби во училиштата: Имаме првични информации од...

Спасовски за лажните дојави за бомби во училиштата: Имаме првични информации од каде се пратени мејловите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Истрагата за вчерашните дојави за поставени бомби во осум скопски средни училишта во тек, ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие меилови и најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Северна Македонија или политички игри, како една од претпоставките, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

<

Без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата и на сите нас. Ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Северна Македонија, порача министерот Спасовски утрово во интервју на Националната телевизија.

Тој се осврна и на тоа дека пред неколку дена се случи лажна дојава за бомба во автобус на ЈСП „Скопје“, а сега се истото се случува и во училиштата.

– Ако станува збор за некаква политичка пресметка, таа не смее да се прави врз грбот на граѓаните, потенцира Спасовски.

Министерот повтори дека зградите на училиштата беа детално проверени од Одделот за антитероризам и е утврдено дека станува збор за лажни пријави.

Прашан околу санкциите кон сторителите, министерот Спасовски потенцира дека со оглед на фактот што во најмала рака станува збор монструозен чин, во кој се злоупотребени училиштата, имајќи ја предвид вознемиреноста на децата, родителите, но и граѓаните генерално, казните треба да бидат најстроги.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЦУК: Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години,...

Потрагата по 34-годишната Биљана од Прилеп заврши со среќен крај.

Андоноска заврши среќно – таа е пронајдена жива. “Ви благодарам на секоја помош, Биљана е пронајдена, жива е”, напиша пред малку нејзината сестра на социјалните...

Селото Куратица по 21-ви пат подготвено за дружење со своите блиски роднини и пријатели …

Голем број на иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште....

На 71-годишна возраст почина легендарниот борач Халк Хоган

Халк Хоган, една од најголемите ѕвезди во историјата на професионалниот кеч и човекот кој ја претвори Светската федерација за кеч (World Wrestling Entertainment) во...