16.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаНа летот од Брисел за Скопје патник се соблекол гол и викал...

На летот од Брисел за Скопје патник се соблекол гол и викал УЧК

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Патник се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно ги вознемирувал патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје. Полицијата го приведе веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром околу 12.30 часот.

<

„Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно однесување. Се работи на расчистување на случајот“, ни изјавија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според патници на летот, мажот со крупна конституција кој изгледал дека најверојатно е пијан или под дејсто на дрога, почнал многу гласно да вика околу половина час пред да почне постапката за слетување. Тој прво го вознемирувал патникот на седиштето пред него, па човекот морал да се премести понапред во авионот. И покрај опомените од кабинскиот персонал, мажот продолжил да вика. Кога стјуардесата го најавила слетувањето и побарала патниците да останат врзани на своите места, тој станал и почнал да оди низ авионот при што се соблекол гол до појас. Тогаш патниците видно се вознемириле, а децата почнале да плачат. Стјуардесата преку разглас ги повикала да бидат смирени, а мажот продолжил да оди низ авионот и кога дошол во задниот дел, почнал да удира по седиштата и конечно седнал.

Полицијата го приведе во авионот веднаш по слетувањето.

Инциденти сo агресивно однесување од ваков тип не се вообичани на летовите за Скопје. Пред два месеца, патник беше приведен оти мастурбирал на летот од Лондон, а лани во два наврати патници од Брисел кои запалиле цигари на лет добија доживотна забрана за летање со „Визер“.

ИЗВОР СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...