5.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонија„Ние сме земја ЦЕЛОСНО ЗАВИСНА ОД РУСКИОТ ГАС“

„Ние сме земја ЦЕЛОСНО ЗАВИСНА ОД РУСКИОТ ГАС“

spot_imgspot_img

Има земји кои целосно зависат од рускиот гас, има земји кои делумно зависат од рускиот гас и има земји кои воопшто не зависат од него. Ние сме земја којашто е целосно зависна од рускиот гас и тоа е наназад со години, поради состојбата со економијата, поради односите во минатото. И во текот на оваа криза, секогаш постојат можности за промена, за подобрување и затоа започнавме со инфраструктурни проекти за диверзификација на изворите на снабдување со енергенси, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „HardTalk“ на Би-би-си.

Тој во интервјуто рече дека на Европската Унија ѝ треба Македонија, ѝ треба целиот Западен Балкан да биде дел од ЕУ, истакнува премиерот Димитар Ковачевски

– Со новата геостратешка ситуација што ја имаме во Европа и по инвазијата на Русија врз Украина и по сите безбедносни, енергетски и економски предизвици што се појавија во Европа, јасно е и потврдено од сите лидери во Европа, почнувајќи од претседателот Макрон, канцеларот Шолц, претседателката на Европската комисија Фон дер Лејен, дека Европската Унија не е целосна без Западен Балкан, без Македонија, без Албанија, без Црна Гора и сите други земји. И таа е реалноста., посочи Ковачевски

Македонија, како што наведува, веројатно ја донесе најтешката и најмачната одлука во споредба со секоја друга земја што се приклучила кон ЕУ или ќе се приклучи кон ЕУ.

– Да не заборавиме дека во текот на овие седумнаесет години ние не можевме да напредуваме по европскиот пат поради билатерални или регионални прашања. На Балканот има многу, како што ги викам јас, идентитетски прашања. Босна и Херцеговина, Косово, целиот регион, она што се случило во изминативе триесет години, по распадот на Југославија, па дури и денес ако погледнеме што се случува со Украина и тоа е идентитетско прашање. Македонија докажа дека може да има одржливи решенија за идентитетските прашања. Ние ја донесовме таа тешка одлука, во право сте, го променивме името на земјата за да станеме членка на НАТО и да напредуваме на патот кон европска интеграција. Исто така, постигнавме договор со нашите соседи, со Бугарија, а тоа исто така беше тешка одлука, рече премиерот Ковачевски.

Во разговорот истакнува и дека Македонија започна многу инфраструктурни проекти, за да постигне диверзификација во снабдувањето со енергенси, особено со гас, со градење нови интерконектори, нови гасоводи, што водат од југ кон север, а не како нашиот, од исток кон запад.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...