17.2 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаРусковска: Ми рекоа „пази што правиш, можеш да завршиш како Катица Јанева“

Русковска: Ми рекоа „пази што правиш, можеш да завршиш како Катица Јанева“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За Вилма Русковска, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција функционира одлично и има резултати. Но, признава дека има и притисоци. Според нејзиното сведочење при дебатата на „А1он“, на неа и кажале: „Пази што правиш, можеш да завршиш како Катица Јанева“. Очекува победа, а сигурна е 102,5%. Во дебатата, Русковска посочи: „Опозицијата не ме запишува, а позицијата ме отпиша“.

<

„Не се согласувам дека обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција има мала доверба. Напротив“, додаде таа..
Одговори и дали барала одобрение пред да гони актуелни функционери од власта.

Јас знаете што реков кога почнав актуелни функционери да гонам имаше една реченица во ‘Среќна нова 49’, легендарна реченица и секогаш ја споменувам вели ‘Истокот не отпиша, Запад не нѐ запишува’. Значи мене опозицијата никогаш ме немала запишано, а позицијата ме отпиша“, рече Русковска па одговори на тоа што значело нејзиното запишување кај власта која сега ја отпишала.

Себеси, се претстави како безгрешна. Не ги прифати замерките од колегите кои претендираат да ја добијат позицијата дека пречесто била на телевизија и коментирала за дисциплинската постапка.

„Одлично си ја работам работата“, контрираше Русковска.

Таа одговараше и дали ги штитела обвинителите кои не работеле во ОЈО-ГОКК. Зборуваше и за „тресењето од гаќи на судиите“.

На прашањето дали камшикот удри по нејзин грб, додаде: „Па не, ако мислите дали ми е загрозен угледот меѓу колегите, мислам не. Напротив мислам дека сега имам поголем поддршка од колегите него што сум имала претходно“.

Обвинителката ако не стане шефица, нема да се врати да биде основна обвинителка, открива во дебатата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...