23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаМукаетов: Нашите ракометарки вредат повеќе од Турбо-фoлкерите

Мукаетов: Нашите ракометарки вредат повеќе од Турбо-фoлкерите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, во вчерашното гостување на „Топ тема“ во Телма, на прашање за релативно високите цени на билетите за натпреварите од ЕП, рече дека нашите ракометарки вредат повеќе да бидат посетени во споредба со турбофолк ѕвездите кои гостуваат кај нас.

<

– За цената на билетите на ЕП одлучува ЕХФ. Нивната првична идеја беше да изнесува 35 евра. Ние максимум што можевме да излобираме да биде 15 евра иако сме свесни дека и ова ќе биде голем предизвик за да се наполни салата. Не сме поборници за скапи карти, едноставно ова беше принудно решение наметнато од ЕХФ. Од друга страна треба да бидеме реални и да кажеме дека на македонскиот граѓанин, на одредена структура, не им е проблем да дадат за некоја турбофолк ѕвезда тука по 800, 1.000 или 1.200 денари. Мислам дека девојчињата кои играат за македонската репрезентација заслужуваат многу повеќе од тие турбофолк ѕвезди да бидат пропратени од публиката. Затоа ги повикувам сите да дојдат во сала и да им дадеме поддршка на нашите ракометарки. Сепак ова е Европско првенство и се игра во Македонија, треба сите да застанеме зад ракометарките, истакна Мукаетов во емисијата „Топ тема“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...