15.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Ако сакаме Македонците да не останат гладни и смрзнати, мора да...

Ковачевски: Ако сакаме Македонците да не останат гладни и смрзнати, мора да се поврземе со Европа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ако сакаме Македонците да имаат иднина, ако сакаме нашата земја да стане модерна, ако сакаме нашите граѓани да не останат гладни или смрзнати, тогаш ние мора да се поврземе со Европа. Поврзувањето со Европа, во денешни услови не е само прашање на удобност, на европски вредности, на реформи, пред сѐ е прашање на преживување, рече премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски на граѓанска трибина во Кавадарци.

<

Големината на СДСМ, нагласи тој, се државотворните одлуки за нашата татковина, политиките за својот народ и сите граѓани.

-Тоа сме ние, тоа не одредува нас и тоа е значењето на овие четири букви. 31 година СДСМ е на вистинската страна на историјата. Така било, така и ќе биде, СДСМ е тука за граѓаните, за државата, СДСМ е тука за сегашноста, но и за иднината, нагласи Ковачевски.

Тој додаде дека патот кон ЕУ нема да биде лесен и ги повика сите да се вклучат во остварување на оваа цел, но, потенцира, големата награда е на крајот на тој пат.

-Нашиот народ да биде горд, со заштитено национално достоинство, со заштитен македонски идентитет, рамноправен со другите народи на ЕУ и побогат, вели Ковачевски.

Тој се осврна на последниот пакет мерки со кои се поддржани 200 илјади граѓани, што е вели, доказ за видлива грижа.

-За овие 10 месеци откако ја предводам Владата одвоивме над 760 милиони евра за два пакета мерки за помош на граѓаните и компаниите. Во споредба со земјите од регионот имаме најголем пакет на антикризни мерки, 5 отсто од БДП. Ова го потврди и Светска банка. Тоа значи дека 200.000 граѓани поддржуваме само со последниот пакет антикризни мерки, рече Ковачевски.

Тој додаде дека Владата уште од самиот старт покажа дека е посветена кон подобрување на животниот стандард на граѓаните и во првите сто дена од мандатот ја зголеми минималната плата на 18 илјади денари.

-Пензиите за шест месеци ги зголемивме за 10 отсто, со новата методологија што значи во март 2023 година ќе има ново покачување. Во календарска година пензиите да се зголемат за 16 отсто досега се нема случено, подвлече Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид – брзата интервенција спречи поголема несреќа

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид - брзата интервенција спречи поголема несреќа Денеска околу 14:00 часот, на улицата Македонски Просветители во Охрид избувна...

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон...

Ученици од бугарско село собраа 5.300 лева за настраданите во Кочани

Сума од 5.300 лева (околу 2.650 евра) собраа учениците од бугарското село Ивањане со велигденски хуманитарен базар за настраданите во трагедијата во Кочани, продавајќи...

Кумановска компанија донираше амбулантско возило за болницата во Куманово !!

Општа болница Куманово денеска доби донација, едно амбулантно возило од кумановска компанија. На примопредавањето на донацијата присуствуваше Министерот за здравство Арбен Таравари. Министерот кажа дека...