26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалничката Арсовска му викна полиција на Славески: И го украл микрофонот

Градоначалничката Арсовска му викна полиција на Славески: И го украл микрофонот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Повторно ескалираше ситуацијата на денешната седница на Советот на Град Скопје. И повторно главните улоги во расправијата им припаднаа на скопската градоначалничка Данела Арсовска и на претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

<

Работата отиде дотаму што Арсовска повика полиција и го пријави Славески дека ѝ го украл микрофонот кој стои на говорницата.

Службите од Градот им даваа изјава на полицајците кои правеа записник дека микрoфонот е сопственост на Градот и со тоа што го нема, извршена е кражба и оштетена е институцијата, пренесе СДК.

Славески на денешната седница го зеде микрофонот од говорницата и го стави под неговата маса откако службите не му го вратија копчето со кое може да го исклучи микрофонот на градоначалничката и советниците доколку не се придржуваат на дневниот ред и Деловникот за работата.

– Поради тоа што не ми е вратено копчето нема да може да се зборува од говорница туку ќе зборувате од место, а градоначалничката наместо да седи во магерешките клупи, може да дојде тука, до мене има микрофон – рече Славески.

Арсовска потоа си постави подвижен микрофон кој никој не може да го исклучи. Одеше по салата, стоеше на говорницата и се кареше со Славески и дел од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

На Славески му рече дека е Хитлер, деспот и крадец.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...