27.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Двојазични униформи за полицијата до 26 март 2023

Спасовски: Двојазични униформи за полицијата до 26 март 2023

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Се спроведуваат сите процедури, од март 2023 година полициските униформи да бидат на македонски и албански јазик, изјави министерот за внатрепни работи Оливер Спасовски во емисијата „Патот Кон“ на ТВ Алсат.

<

„Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе започне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна до 26 март 2023 година“, рече Оливер Спасовски.

Спасовски додаде дека се прават сите подготовки полициските униформи во првиот квартал од 2023 година да бидат на два јазика.

„Тие подготовки ги правиме и ќе се применуваат во согласност со законските одредби“, додаде министерот.

Тој објасни дека нема ниту еден Албанец во специјалната антитерористичка единица „Тигри“ затоа што единствениот кој се пријавил во прелиминарните тестирања покажал дека не знае да плива.

„Апелирам да се пријават повеќе од нив, за да го поминат тој курс кој е многу тежок“, наведе Спасовски и додаде дека во тестирањата за прием кај „Тигрите“ не смее да има никакви отстапки.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во критична состојба се наоѓа Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец

Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец е тешко повреден управувајќи мотор и се наоѓа во критична состојба. Несреќата се случила на позната патека...

Приведен пијан 37-годишен Валандовец во Охрид.

На 03.08.2025 во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од слобода го...

Тешко повреден малолетник од Скопје – Скокал од пристаништето во Охрид во 5 часот наутро !!

На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди...

Се огласија од СВР Охрид: Кај раперот Раста беше пронајдена опојна дрога !!

На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С....