0.9 C
Ohrid
петок, декември 13, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски тврди дека не преговара со СДСМ за уставните измени во замена...

Груевски тврди дека не преговара со СДСМ за уставните измени во замена за слободата

spot_img

Некои медиуми очигледно имаат проблем со читаноста и имаат потреба да измислат атрактивни теми за читателите заради поголема читаност, а со тоа и поголема заработка, напиша експремиерот Никола Груевски на Фејсбук.

Еден медиум објавил дека од високо позициониран и неименуван извор од партијата ДУИ дознал дека неодамна пратеник на ДУИ се сретнал со мене во Будимпешта и разговарал за моја поддршка за промена на Уставот, а за возврат ќе ми бил обезбеден прекин на политичкиот прогон. Со оваа објава го дементирам ова бидејќи не се случило, напиша поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук.

Пред да го извршам демантирањето извршив консултација со тројца мои пријатели околу тоа што тие мислат дека е можната заднина на оваа најнова шпекулација. Првиот ми рече дека тој смета дека со ова СДСМ сака да изврши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ во правец дека ако не ги остварат целите во договор со нив, имаат некаква резервна опција со мене за ова прашање. Веднаш да кажам дека немаат. Вториот ми рече дека тој смета дека некој во ВМРО-ДПМНЕ можеби има ветено поддршка за смена на Уставот и сега бара кому да ја префрли вината, па се сетиле на мене. Но, на истото првиот ми искоментира дека не е можно тоа, бидејќи така ќе излезе дека актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема контрола на пратениците кои самиот ги избрал и дека јас од 800 километри далечина имам поголемо влијание врз нив, што за него би било погубно и во таков случај неговото место не би било таму каде е, така што таа теза не би можело да е од него бидејќи е контрапродуктивна за него. Третиот ми рече дека тој смета дека некои медиуми имаат проблем со читаноста и имаат потреба да измислат атрактивни теми за читателите заради поголема читаност, а со тоа и поголема заработка. Затоа решив понатаму да не се занимавам со анализа на заднината, туку едноставно да посочам дека оваа информација е лага“, напиша Груевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје...

Момчето кое „го хејтаа“ македонците, постави нов рекорд !!!

17-годишниот пливач Никола Ѓуретановиќ од Македонија го направи невозможното! Во дисциплината 400 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта постави: Апсолутен рекорд на Македонија...

Кривични пријави против, Фестим Халили и Коста Петров, поранешни директори на Фондот за иновации

Кривични пријави се поднесени против поранешните директори на ФИТР, Фестим Халили и Коста Петров, за злоупотреба на службена положба и овозможување незаконски исплати на...

Костадиновски: Лага и манипулација е дека ќе биде укинат албанскиот јазик, никој не го доведува во прашање

Во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, рече дека не е точно оти судот го укинал „балансерот“. манипулација...