0.9 C
Ohrid
петок, декември 13, 2024
ПочетнаМакедонијаНиколоски: Ќе освоиме најмалку 61 пратеник за да не трпиме уцени од...

Николоски: Ќе освоиме најмалку 61 пратеник за да не трпиме уцени од никого

spot_img

Се надевам дека ќе добиеме поддршка од народот за да не трпиме никакви уцени и за да не зависиме од нечии лични или партиски интереси. Во однос на тоа дали ќе поканиме партнер во владата или не, тоа е сосема друго прашање кое можеме да го разговараме по завршување на изборите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ
По следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада затоа што самостојно ќе освои над 61 пратеник и нема да трпи уцени од никого, вели потпретседателот на партијата, Александар Николоски, во „360 степени“ на ТВ Алсат, прашан дали партијата може да остане без партнер кај партиите на Албанците дури и да победи.

Тој рече дека во моментот бројките се такви што партијата е сѐ поблиску до самостојно освојување мнозинство во Собранието.

„Се надевам дека ќе добиеме поддршка од народот за да не трпиме никакви уцени и за да не зависиме од нечии лични или партиски интереси. Во однос на тоа дали ќе поканиме партнер во владата или не, тоа е сосема друго прашање кое можеме да го разговараме по завршување на изборите“,

рече Николоски.
Прашан дали тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ би можела да избере да владее и без партија на Албанците, Николоски одговори дека, според него, добро е во идната влада да има албански партнер бидејќи тоа ја претставува реалноста во државата.

„Но, мислам дека партнерот треба да го избереме врз основа на заедничките позиции и програмски определби коишто би ги имале. И, секако, доколку сега е прашање на желби, би сакале да соработуваме со албанската опозиција зашто мислиме дека е време да се направат промени и, конечно, и СДСМ и ДУИ да одат во опозиција“,

рече Николоски.
На новинарска забелешка дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски неодамна во „360 степени“ изјави дека пресудно при изборот на партнерот ќе биде обезбедување Бадентерово мнозинство во Собранието што е различно од ставот на Николоски, потпретседателот на најголемата опозициска партија одрече дека станува збор за спротивставени позиции.

„Секако дека ние ќе се обидеме да имаме соработка со политички структури со коишто ќе можеме да обезбедиме Бадентер. Бадентер не го прават пратениците само од една етничка заедница, го прават од повеќе етнички заедници. Но, сето ова се хипотетички прашања. Суштински, јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има над 61 пратеник на следните избори“,

рече Николоски.
За евентуалниот влез на Алијанса за Албанците во владата, Николоски вели дека тоа ќе биде огромна грешка за партијата и нејзиното раководство.

„Од причина што невозможно е прво сите да се на власт. Губи смисла демократијата. И второ, оние граѓани што се опозиционо расположени и коишто се спротивставуваат на која било власт нема да гласаат за партија што била дел од власта, особено што би влегле во најтемниот или најспорниот период на владеење, а тоа се овие месеци во коисериозно тоне државата, а прашање е и таа влада колку месеци ќе има мандат“,

рече Николоски.

На прашањето дали на евентуалниот влез на Алијанса за Албанците (АА) во владата може да се гледа и како на порака до ВМРО-ДПМНЕ дека партиите на Албанците што влегуваат во партнерство со нив поминуваат лошо на избори, како АА на вонредните изборите за советници во Тетово, каде оваа партија не успеа да добие ниту еден советник, а Алтернатива, која влезе во коалиција со СДСМ помина подобро и освои советничко место, Николоски рече дека и двете партии поминале подеднакво лошо.

„Малку помалку среќа имаше Алијанса, па не освои ниту еден советник, а Алтернатива имаше малку среќа, па освои еден советник. Зборуваме за еден советник, не зборуваме да се порази ДУИ. Така што, поминаа исто лошо и едната и другата партија“,

рече Николоски.
Според него, Движењето БЕСА, чиј лидер е градоначалник на Тетово, и со кое ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција на локално ниво, успеало да го зголеми мнозинството во Советот на општината по повтореното гласање.

„Политичката партија БЕСА за 50% го зголеми својот удел. Односно, од осум советници, колку што имаше пред повторените локални избори за советници, успеа да освои 12 и го победи ДУИ. Што е заклучокот? Заклучокот е дека, според мене, помеѓу Албанците во Македонија постои сериозно опозициско расположение. И ако го видите збирот на гласови, тие секогаш се повеќе на страна на опозицијата. Проблемот е што албанската опозиција не е обединета“,

рече Николоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје...

Момчето кое „го хејтаа“ македонците, постави нов рекорд !!!

17-годишниот пливач Никола Ѓуретановиќ од Македонија го направи невозможното! Во дисциплината 400 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта постави: Апсолутен рекорд на Македонија...

Кривични пријави против, Фестим Халили и Коста Петров, поранешни директори на Фондот за иновации

Кривични пријави се поднесени против поранешните директори на ФИТР, Фестим Халили и Коста Петров, за злоупотреба на службена положба и овозможување незаконски исплати на...

Костадиновски: Лага и манипулација е дека ќе биде укинат албанскиот јазик, никој не го доведува во прашање

Во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, рече дека не е точно оти судот го укинал „балансерот“. манипулација...