16.8 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаСлободан Томиќ: Нaродот не сака плашливци, туку храбри и чесни политичари !!!

Слободан Томиќ: Нaродот не сака плашливци, туку храбри и чесни политичари !!!

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ

Почитуван премиере Ковачевски, да водиш голема политичка партија и да управуваш со државата, потребна е политичка тежина, знаење и авторитет, не само да се биде сателит или нечија продолжена рака на власт во сенка и профитни интереси, порача Димитриевски, градоначалник на Куманово и претседател на граѓанското движење “За наше Куманово“, кое се очекува да прерасне во нова политичка партиија во Македонија. И Максим и Димитар се од ист град, легендарното и револуционерното Куманово! Различна им е политичката дијоптрија! Кој е најмалиот заеднички содржател помеѓу овие двајца? Кај Димитар Ковачевски имаме клинтелизам, сервилност и виткање кичма, а кај Максим Димитриевски го имаме спротивното – одлучност, енергичност и реформи!

Од другата страна е опозиционерот Христијан Мицкоски кој, исто така, дава предлози за излез од оваа тешка криза во која се наоѓа државата Македонија. За жал, со Македонија не владее СДСМ туку ДУИ и Али Ахмети во континуитет веќе 20 години. СДСМ е само експозитура на ДУИ! Подлабоко од ова дно нема!

Народот заслужува смели и чесни политичари, а не страшливци и криминогено клиентелистички политиканти, кои имаат единствена цел – дојди, дрпни и здувни!

Нема казнивост, нема одговорност, нема реформи во правниот систем, нема владеење на правото, избран е анонимус за прв човек на обвинителството за гонење на организиран криминал или човек на Али Ахмети, кој нема никакви резултати во делот за справување со корупцијата и организираниот криминал. Американската амбасадорка со стапнувањето на функцијата упати најостри критики токму за овој случај! Македонија ја направивте Ел Дорадо за криминалот. Наместо да цвета органското произвоство на храна, во полицискиот билтен секојдневно имаме шверц со дрога! Од Македонија направивте циркуз! Циркуз Максимус е исто така, со АНБ, или македонска УДБА која наместо да, се грижи за, безбедноста на, Македонија, таму “штанцаат” пасоши, за лица кои сена, црната листа на нашиот стратешки партнер САД! Што ќе одговорите на ова, на државата која објави “војна” на секој вид криминал, корупција и секој вид злосторство на Балкан и секако во Македонија?!

Заевизмот партискиот рекет го претвори во државен рекет на чело на АНБ и обвинителски структури, обвинува опозицијата!

Господине премиер, ниту на едни избори не победивте. Вашето премиерско место е со цел бугаризација и федерализација! Првото полувреме започна со Зоран Заев, вториот за целосна демонтажа на државноста го играте вие. Од Женева, Заев упати порака за “едно општество“, ама државата се демонтира по сите основи. Македонија и по Охридскиот рамковен договор не е “мултинационална“ или “мултиетничка“ држава! Македонија е унитарна и национална држава, ништо повеќе од тоа. И САД и Велика Британија и Германија и Франција, се унитарни и национални држави, со мултиетнички општества! Во теоријата на државата и правото, јасно стои дека не постојат такви држави и политички ситеми, односно јасно стои што е држава и како можат истите да се дефинираат. Ваква лакрдија и импровизација господине Заев и Ковачевски не може! Неразбирливо е зошто молчат и каде се професорите и науката да реагираат и да алармираат!

Затоа, денес имаме насилно девастирање, руинирање и простете, уринирање на одредени центри и команданти по уставно-правниот поредок и политичкиот ситем на една суверена самостојна и меѓународно призната држава која се вика Македонија!

Едно да е јасно, господине Ковачевски, ова се однесува на првото полувреме со Зоран Заев со двата договора: Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Договорот Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година. Сега вие сте второто полувреме, со задача Македонија држава да стане територија без Македонски народ и историја. Фалсификуваниот попис во 2021 година ви “помина“!

Наместо Македонскиот јазик да биде едниствен и државен јазик, лингва франка за сите, како што е случајот со САД, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија, иако се мултиетнички општества поради колонијализмот и империјализмот, во Македонија државната и јавната администрација се проектира за двојазична, што е невозможна мисија, освен ако целта е сепарација!

Во Тетово, на пример, во градот под Шара, се доделуваат почесни титули, иако наградените даваат изјави дека Тетово не е македонски град! Иако Светскиот Македонски Конгрес го честита прогласувањето на 86-годишниот албански писател Исмаил Кадаре, за почесен граѓанин на Тетово, врз основа на одлука на Советот на општината, сепак јавно протестира сметајќи ја за неприфатлива изјавата на Исмаил Кадаре при доделувањето на признанието на свечена седница на Советот на општината дека “Тетово е најпознатиот илиро-албански град на светот!“ Светскиот Македонски Конгрес повтори дека Тетово е македонски град, а Албанците се повеќе Македонци отколку Илири! Исмаил Кадаре живее во Париз и е член на Француската академија, а во кариерата како писател, поет, романсиер и драматург, има добиено повеќе светски награди.

Понатаму, контраверзниот политикант артан Груби, за кого не сакаат да слушнат од “огненото крило“ на ДУИ предводени од Изет Меџити и Муса Џафери, а се однесува за Артан Груби, во паралелната на МАНУ – “Албанска академија на науката и уметностите ќе рече “Ние од ДУИ успеавме да го институционализираме албанскиот јазик на целата територија на Македонија и затоа Еди Рама во Скопје ќе рече дека, Артан Груби е најголемиот Албанец меѓу Македонците и најголемиот Македонец меѓу Албанците. Да мои Македонци, ете тоа ни се случува во матичната ни држава Македонија!

Господине Ковачевски, ги прокоцкавете Македонија и Македонскиот народ! А, тоа го прават луѓе кои немаат чувство за национална припадност или не се чувствуваат за Македонци!

Ајде да кажеме дека Албанците никогаш немале ниту ќе имаат чувство дека се Македонски Албанци, ним “северна“ не им пречи! “Северна“ Македонците ги деноминира, Албанците и во “северна“ повторно си се само Албанци!

Македонци денес не се само оние на “-ски“ или “-ов“. Македонците се сите државјани на државата Македонија. Се разбира, носител на државноста е Македонскиот народ, затоа и службен јазик на целата територија на државата Македонија и во меѓународните односи е Македонскиот јазик! И не случајно, Софија го негира Македонскиот јазик, да ги снема Македонците како посебен етнос!

Затоа, поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан вели: “Народ или држава кој/а нема историја посегнува по туѓо културно-историско наследство!“

Ова мислење го дели и вашиот сограѓанин Максим Димитриевски, кој храбро изјави дека Вашиот претходник Зоран Заев излезе најголем манипулатор и измамник на СДСМ.

Во СДСМ воопшто ниту знаеле за Преспанскиот договор со кој извршивте велепредавство, геноцид и злосторство против човештвото кое не застарува!

Почитуван премиер Ковачевски, смогнете храброст и отфрлете разговори во комисијата за ревизија на македонската историја за историјата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија!

Црковните прашања не смеат да бидат тема на дискусија на мешовитата историска комисија. Охридската Архиепископија има јасна и потврдена историја за нејзиното создавање, порача и претседателот на комисијата за односи меѓу верските заедници Даријан Сотировски.

Тој порача дека сите прашања поврзани со црквата не смеат да бидат тема на дискусија на оваа мешовита комисија и им порача на македонските историчари да бидат многу внимателни и одговорни доколку вакво нешто се бара од нив.

– Oхридската Архиепископија и како историска категорија и денес како македонска црковна реалност посебно е целосно заокружена, чиста и јасна, и не гледам причина зошто тука треба да се отвораат проблеми.

Црквата има свои правила и догми кои ги почитува целиот православен свет и државата ќе биде одговорна доколку не го отфрли обидиот да се отвори било какво прашање за црквата.

Охридската Архиепископија никогаш не била бугарска, тоа го признаваат и пишуваат и најреноминираните професори од Бугарија за историски и црковни прашања.

Историската комисија нема право на тоа, таа треба категорички да отфрли секаков обид да се оптпочнат било какви разговори за Охридската архиепископија, дури не требаше да водат разговори ни за Светите Кирил и Методиј, ни за Свети Климент, Свети Наум…

Ако тоа се случи, тогаш одговорноста и срамот за такво нешто ќе падне врз тие личности, комисии, кои биле соработници со нашите непријатели околу идентитетот – и национален и црковен, – вели владиката Петар.

Почитуван премиер, иднината останува на младината, но која младина, младите секојдневно се иселуваат од Македонија. Ја избркавте премиере заедно со вашиот претходник, се’ повеќе ја напуштаат Македонија.

Свежи се сеќавањата и со студентите! И студентите и’ покажаа жолт картон на Владата и политичарите!

Подобар стандард, подобри услови во студентските домови и нивна итна санација, изземање од антикризните мерки, се дел од барањата на студентите од сите факултети во државата кои излегоа на марш!

“Нема да ви помине“ е пораката која студентите Ви ја испратија од маршот што се одржа во Скопје. Незадоволни од стандардот и условите во кои живеат во студентските домови, а по повод Светскиот ден на студентите, покажаа жолт картон на Владата и на министерството за образование.

Со десетици пароли и обединети зад транспарентот “Дали е ова 1939 година? Без образование нема држава!“ Претставници на универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, универзитетите од Битола и Штип и движењето “Студентски отпор“ го почнаа маршот пред зградата на Владата, а го завршија пред министерството за образование со минута молчење за студентскиот стандард.

Драг мој премиере Ковачевски, примете најискрен совет, а тоа е, откажете се од “сценариото“ бришење на Македонија, Македонците и севкупната македонска посебност по секоја основа!

И покрај тоа што не ја разбравте пораката на амбасадорката Агелер, како и пораката на господинот Гир, првиот човек на Европската Унија во Македонија, а тоа е дека пред се’ мора да се стави крај на криминалот, корупцијата и сите девијатни појави во Македонија каде главни протагонисти сте вие како политичка партија заедно со коалицијата ДУИ и останатите и оставете го народот на мир, сам да решава за сопствената судбина историја и иднина, а не под плаштот на евроинтеграциите да се заканувате и дрско се однесувате односно го држите народот во заложништво.

Не бидете второ полувреме, односно дајте го третото полувреме на подобрите и почесните од вас!

Веднаш техничка влада и предвремени парламентарни избори, оти НАРОДОТ НЕ САКА ПЛАШЛИВЦИ, ТУКУ ХРАБРИ И ЧЕСНИ ПОЛИТИЧАРИ!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

49 годишен Скопјанец нападнат од својот малолетен внук.

Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна...

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила

Почитувани, По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација...