14.1 C
Ohrid
среда, јули 9, 2025
ПочетнаМакедонијаДоколку Црниот Пантер дојде во Македонија, граѓаните да се јават на 112...

Доколку Црниот Пантер дојде во Македонија, граѓаните да се јават на 112 или во Полиција.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Црниот пантер кој речиси цел месец е актуелна тема во соседна Србија, и по кого се организираа неколку безуспешни потраги, се движи кон југ, односно кон потопли краеви, и не е исклучена можноста да пристигне и во Македонија.

<

Вчера за српските медиуми Ненад Тешиќ од ПСЗН (Покрет за све нас) кој е вклучен во потрагата изјави дека предаторот се движи од Војводина кон Централна Србија, и само за неколку дена поминал повеќе од 80 километри.

Дали доколку дивото животно дојде во Македонија, земјата има стратегија да се справи со него, односно безболно да го залови, за „Фокус“ деталите ги појаснува Илија Бојаровски, лице за контакт со медиуми од Центар за управување со кризи. Според него, како и за секоја друга ситуација, ЦУК имал стандардни оперативни процедури, односно имал стратегија и план.

Доколку се случи пантерот да залута на нашата територија, според некој ред по кој би се одвивале настаните, првин оној кој ќе го забележи треба да се јави на телефонскиот број 112 во ЦУК, или пак во полиција и да го пријави настанот. По добивањето на информацијата, ЦУК ја алармира Локалната самоуправа во областа каде е забележано животното, односно градоначалникот и претседателот на Советот. Општината потоа прави проценки, формира кризен штаб, се вклучува ловната федерација, ловни друштва, лица од зоолошката градина кои имаат искуство со диви животни, односно со пантер или други слични видови на големи мачки, професори за ловство, ветеринари… Ако Локалната самоуправа нема доволно капацитети кои се потребни во случајов, тогаш и Центарот за управување со кризи ќе се вклучи со свои координации и помош- појаснуваат од ЦУК.

Начинот на кој евентуално би се заловил пантерот, а кој е најпожелен, е тој да биде заловен со помош на стрела за успивање, но самата процедура била доста тешко изводлива, бидејќи се работи за брзо и опасно животно. Постои и начин на заловување со помош на мамки, кој бил користен во минатото при заловување на рисови.

-Безбедноста на луѓето е на прво место. Случајот со пантерот не е наивна работа, бидејќи оние кои имаат искуство, знаат дека и еден рис да се улови е доста тешко. Пантерот, но и другите големи диви мачки, гледаат на човекот како на посилно суштество, но ако дојде до ситуација да нападнат невооружен човек, сфаќаат дека токму луѓето се најлесен плен, бидејќи немаат со што да се одбранат. Токму затоа, ако едно вакво диво животно еднаш убие човек, нема да запре на само еден. Тоа му е во природата, да се нахрани на најлесен начин. Центарот за управување со кризи е подготвен за справување со сите стандардни оперативни процедури, во секој момент, појасни Бојаровски, кој инаку е ловец и уредник на ТВ програмата Ловечко око.

Црниот пантер, за кој се претпоставува дека е жртва на нелегална трговија со диви животни, последен пат беше снимен во близина на Фекетиќ пред два дена. Српските власти изјавија дека нивниот план е откако животното ќе се лоцира, да се успие и имобилизира во зоолошката градина во Палиќ.

Пишува Вики Клинчарова- Извор Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...